За празникот Водици дозволете си ново релаксирачко патување. Солун, Паралија, Лутраки, спој на духовна традиција, медитеранска атмосфера и зимска релаксација. Солун ќе ви понуди празнична енергија, историја и прошетка покрај море, Паралија мир и време за одмор, а Лутраки топли термални извори и природна убавина. Патување кое комбинира празник, одмор и автентично грчко доживување.
Програма:
1 ден (17.01.2026 ) сабота Скопје-Солун-Паралија
- Поаѓање во 05:00 часот ( собирање на група во 04:45 од паркингот пред Пошта на железничка. Предвидено време за пристигнување во Солун околу 09:00 часот. Слободно време за прошетка и разглед на Солун. Во договор со групата околу 14:00 часот се упатуваме од Солун кон Паралија. Пристигнување во Паралија. Сместување во приватни апартмани. Слободно време. Ноќевање.
2 ден ( 18.01.2026 ) недела Паралија-Лутраки-Скопје
- Напуштање на апартманите. Поаѓање за Лутраки ( Пожар). Пристигнување во Лутраки. Слободно време за индивидуални активности и можност за користење на термалните бањи во Лутраки. Во попладневните часови поаѓање за Македонија.
Понудата вклучува:
- едно ноќевања во апартмани во Паралија
- посета на Солун
- посета на Лутраки
- превоз на наведената релација
- организација и водство на патувањето.
Понудата не вклучува:
- влез за користење на бањите 3 евра ( се плаќа на лице место )
Промо цена : 69 евра ( сметано по курс 62) или 4300 денари
* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.