social imagesocial image

07.03-08.03.2026

Најголемиот и главниот град на Србија- Белград кој носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се врежи во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаќа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај Француските градови. Голем број на туристи ги имаат веќе откриено убавините и богатствата, зошто и вие не би го направиле истото заедно со нас....

Прв ден 07.03.2026 (сабота)

СКОПЈЕ – Белград

  • Состанок на групата во 01:45 часот на паркингот пред пошта на Железничка , поаѓање за Србија во 02:00 ч. Ноќно возење низ Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во утринските часови. Организиран панорамски и пешачки разглед на градот со локален водич. Во овој разглед ќе имате можност да се запознаете со храмот Св.Сава, кој е најголем Српски православен храм и втора по големина православна црква во светот, ко е сместен во наслебата Врачар на местото каде според преданијата е запален Свети Сава. Плоштадот Теразије кој го краси Теразиската чешма и убавиот хотел Москва. Булеварот на Крал АлександарСкупштина (Парламентот), црквата Св.Марко која се наоѓа во познатиот Ташмајдански парк во непосредна близина на Парламентот. Плоштадот на Републиката, Кнез Михајлова улица, која е пешачка зона и најпозната улица која што е заштитена со закон и претставува едно од најстарите и највредните градски места кое изобилува со репрезантивни згради и граѓански куќи настанати од времето на 70-тите години.  Tврдината Калемегдан, која како важно историско утврдување ќе ви ги даде одговорите за историските битки на Белград, а ќе ви пружи и преубав поглед од вкрстувањето на Сава и Дунав.  Народниот Театар, Народниот Музеј, како и Боемскиот кварт Скадарлија, улицата на боемите. Со разни ресторани украсени со најшарени цвеќиња, боемска музика и некоја чашка вино, ќе го осетите духот на овој боемски кварт. Не за џабе се рекло " Nisi boem ako nisi vidjen u Skadarliji" Слободно време за индивидуална прошетка. Сместување во хотел. Можност за организирање  осмомартовска вечера ( факултативно ) . Ноќевање.

Втор ден 08.03.2026 ( недела)
Белград-Нови Сад-Скопје

  • Појадок. По појадокот групата го напушта хотелот. Се упатуваме кон Нови Сад. Пешачка тура низ центарот на Нови Сад и Петроварадинска тврдина со локален водич.  Во 17 часот поаѓање од Нови Сад кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови. 

ЦЕНА: 99 евра по лице / 6150 денари

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел *** на база 1 НП (ноќевање со појадок)
  • Организирани разгледи на Белград и Нови Сад со локален водич
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • туристичка такса – 120 денари ( задолжителна доплата во агенција)
  • патничко осигурување
  • факултативна вечера (минимум 30 лица за реализација, пријавување во агенција) ( 35 евра се плаќа во агенција )
  • влезници за културно-историски и верски споменици