social imagesocial imagesocial image

23.10-25.10.2026

Откријте ги најубавите градови на Босна и Херцеговина преку патување исполнето со историја, култура и незаборавни пејзажи. Ќе го посетиме Сараево – градот на различните култури, со неговата позната Башчаршија и богатото историско наследство, ќе уживаме во убавината на Мостар и неговиот прочуен Стари мост, а патувањето ќе го заокружиме со посета на Вишеград и уникатниот Андриќград. Оваа програма нуди совршена комбинација од традиција, архитектура, природни убавини и автентичниот дух на Босна и Херцеговина.

 Прв ден:23.10.2026 (Петок) Сараево

  •  Поаѓање на полноќ од паркингот пред пошта на железничка, собирање на група 23:45 ( четврток спрема петок ноќта). Ноќно возење  преку граничен премин Табановце, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сараево во утринските часови. По пристигнувањето во Сараево следува разглед на градот со локален водич. Ќе имаме можност да ги запознаеме најзначајните места во центарот на градот, каде низ историјата се испреплетуваат различни култури и цивилизации. Ќе прошетаме низ познатата Башчаршија, ќе ја посетиме Градската куќа (Вијеќница), Латинската чуприја, улицата Казанџилук, Гази Хусрев-беговата џамија, како и другите историски културни знаменитости во старото градско јадро. 

    По разгледот, продолжување кон Високо, каде следува посета на археолошкиот комплекс Босански пирамиди. Ќе имате можност да ги посетите познатите тунели Равне и да се запознаете со приказната за Пирамидата на Сонцето, една од најпосетуваните туристички атракции во Босна и Херцеговина.По посетата, сместување во хотел.  Слободно време за одмор или индивидуална прошетка, кафе во традиционалните Сараевски кафеани или уживање во познатите специјалитети на градот. Ноќевање.

Втор ден: 24.10.2026 (Сабота) Сараево – Мостар – Сараево.

  •  Појадок. По појадокот предвидена полудневна посета на Мостар. По пристигнувањето во Мостар следува посета на еден од најубавите и најпознати градови во Босна и Херцеговина. Во придружба на локален водич ќе го запознаеме историското јадро на градот, познато по својата богата култура, традиција и препознатливата архитектура. Ќе прошетаме низ старата чаршија, ќе го посетиме прочуениот Стариот мост – симболот на Мостар и дел од светското наследство на УНЕСКО, како и околните камени улички исполнети со дуќани, сувенири и традиционални занаети. Ќе имаме можност да ја почувствуваме посебната атмосфера на градот каде се спојуваат ориенталниот и медитеранскиот дух. По разгледот следува слободно време за индивидуална прошетка, фотографирање, уживање во погледот кон реката Неретва или дегустација на традиционални босански специјалитети. Во попладневните часови враќање кон Сараево. Ноќевање

 Трет ден: 25.10.2026 (Недела) Сараево – Вишеград  – Скопје

  •  Појадок. По појадокот и напуштање на хотелот во Сараево, се упатуваме кон Македонија. Патувањето продолжува кон Вишеград, градот сместен на бреговите на реката Дрина, познат по својата богата историја и културно наследство. Ќе го посетиме , уникатен културно-туристички комплекс изграден според идејата на познатиот режисер Емир Кустурица, посветен на големиот писател и нобеловец Иво Андриќ. Прошетка низ камените улици, плоштадите и објектите инспирирани од различни историски периоди. Посета на прочуениот мост Мехмед-паша Соколовиќ на реката Дрина, дело на османлискиот архитект Мимар Синан и споменик под заштита на УНЕСКО. Слободно време за прошетка, фотографирање и уживање во прекрасниот амбиент на Вишеград. По завршувањето на посетата продолжување на патувањето кон Македонија со попатни паузи за одмор. Пристигнување во вечерните часови.

     

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Aвтобуски превоз на дадената релација;
  • Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево;
  • Разгледување на Сараево со локален водич 
  • Разглед на Босански пирамиди
  • Разглед на Андриќград
  • Придружник на групата.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Влезници за културно историски споменици 
  • Полудневен излет до Мостар 25 евра 
  • Туристичка такса 2 евра по лице на ден се плаќа во агенција

ЦЕНА: 129 евра