Ниш во соседна Србија претставува вистинска ризница на историски артефакти. Тој е еден од најстарите градови на Балканот. Родниот град на римскиот император Константин е одалечен од Скопје нешто повеќе од 200 км. Овој град датира уште од предисториско време а во себе зачувал многу од историјата.Градот го добил името од реката Ниш, која тече низ него и која келтските пражители ја нарекуваат Наисус.
Опис на патувањето:
- Тргнување во 06:00 часот, (состанок на групата на паркинг пред Пошта на железничка во 05:45). Се патува преку граничен премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Предвидено време за пристигнување во Ниш околу 09:00-09:30 часот.
- Слободно време за прошетка и разглед на Ниш и Нишката тврдина.
- Во договор со групата одиме во шопинг центар Делта планет.
- Тргнување за Скопје во 18:00 часот.
Понудата вклучува
- Превоз на наведената релација
- Посета на Ниш
- Посета на шопинг центар Делта планет
- Организација и водство на патувањето
Понудата не вклучува:
- Индивидуални трошоци
- Влезници за културно историски споменици
Цена: 1000 денари