13.02-15.02.2026

"" АКО СИ КАМЕН, БИДИ КАМЕН, АКО СИ ЧОВЕК БИДИ ЉУБОВ, АКО СИ ЦВЕТ БИДИ МИМОЗА- ВИКТОР ИГО ""
Зимските денови и студот брзо ги заситуваат нашите срца и сетила. Затоа на секој чекор го бараме сонцето, ја бараме топлината и живоста. Тогаш кога сивите облаци и белите ридови ги красат светло жолтите гранки знаеме дека зимската магија е пред крај. Мимозите се предвесник на пролетта. Радост и вовед во нови светли денови. Такви радосни, топли разиграни денови не очекуваат во Херцег Нови.  

1 ден 13.02.2026 ( петок ) ( СКОПЈЕ- БУДВА)
  • Поаѓање во 00:00 часот.  Собирање на група ( четврток спрема петок ноќта ) 23: и 45 минути, на паркингот пред пошта на железничка. Ноќно возење преку Косово, Албанија и Црна Гора со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Будва. Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на Стариот град. Сместување во хотел 3* во Будва. Слободно време. Ноќевање  . 

2 ден 14.02.2026 ( сабота ) ( БУДВА- ХЕРЦЕГ НОВИ )
  • Појадок. По појадокот групата се упатува кон Херцег Нови. Присуствување на манифестацијата Фестивал на Мимозите. Присуство на свеченото дефиле на музика и мажоретки, како и можност за уживање во музиката на локалниот бенд Трио Маре, културно уметничкото друштво Слога, како и уживање во песните на нашата Калиопи. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање од Херцег Нови за Будва во 17:00 часот. Пристигнување во Будва.  Ноќевање.

3 ден 15.02.2026 ( недела ) ( БУДВА-СКОПЈЕ )
  • Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Можност за организирање на факултативна прошетка до Котор. ( За реализација на факултативната прошетка е потребно 20 патници, и истата би започнала веднаш по напуштањето на хотелот. Можност за  прошетка низ Стариот дел на градот, како и посета на Которската Катедрала Св. Трипун и Камбанаријата и црквата Св. Никола кои се сместени во срцето на Стариот град.  Задржувањето во Котор би било околу 3 часа од времето на пристигнување. ) ( Оние патници кои нема да доаѓаат за Котор остануваат во Будва до 14:00 часот) Поаѓање за Скопје  во 14:00 часот. Пристигнување во вечерните часови.

Понудата вклучува:
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Будва
  • посета на Херцег Нови и фестивалот на Мимозите 
  • превоз на наведената релација
  • организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • факултативна посета на Котор 15 евра 
  • индивидуални трошоци
  • туристичка такса 1,5 евро од човек на ден ( се плаќа во агенција при самата уплата )

Цена: 109 евра по лице ( сметано по курс 62) =6760 денари по лице
 
* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.