29.06.2025

Горица или Корча е град и општина во истоимената област во рамките на Горичкиот округ во југоисточниот дел на Албанија. Општината е создадена во 2015 година со спојување на дотогашните општини Дренво, Горица, Лејка, Дворани, Булгарец, Воскоп, и Москополе кои станале општински единици. Сместен е на висроамнина на надморска височина од 850 метри обиколен со планината Морава. Ова е шести град по големина во Албанија.
 

 

Oпис на патувањето:
  • Поаѓање во 05:00 часот од пред пошта на Железничка. Собирање на група во 04:45. Се патува преку граничен премин Кафасан. Паузи за одмор и царински формалности. Предвидено време за пристигнување во Поградец во утринските часови. 
  • Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Поградец . Во договор со групата поаѓање за Корча. Слободно време за индивидуални активности и прошетка.
  • Тргнување за Скопје во 17:00 часот.
Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената релација
  • Организација и водство на патувањето 
Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици

Цена:1200 денари