Пожарско или на грчки Лутраки е село во Мегленско односно во Егејска Македонија. Под името Пожар тоа било познато до 1922 година. Пожарско се наоѓа во северозападниот дел од котлината Меглен, во зелените делови на планината Кајмакчалан, на само 13 километри од градот С’ботско. Лутраки е претставен како дар од природата кој е опколен со бујна вегетација, бројни манстири, потоци, а најпознати од се се топлите бањи.
Воден или на грчки Едеса е град во Егејска Македонија, северозападно од Солун. Тој во минатото, односно до 1923 година бил познат како Водена или Воден.Главен белег на Воден е водопадот Керано или некои како што знаат да кажат Керанос. Тоа е водопад каде што водата паѓа од околу 70 метри висина.
Опис на патувањето:
- Тргнување во 05:00 часот ( собирање на група 04:45 од паркингот пред Пошта на железничка )
- Патувањето води кон граничен премин Богородица. Пауза за цариснки формалности и одмор.
- Предвидено време за пристигнување во утринските часови. Слободно време за индивидуални активности како и можност за користење на бањите.
- Во договорено време со групата се упатуваме кон Воден. Групна посета на водопадите и слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Воден.
- Поаѓање за Скопје во 17:00 часот.
Понудата вклучува:
- Посета на Лутраки
- Посета на водопадите и градот Воден.
- Превоз на наведената релација
- Организација и водство на патувањето.
Понудата не вклучува:
- Влез од 3 евра за користење на бањите кој се плаќа на лице место
Цена: 1500 денари
* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.