27.06-28.06.2026

Пожарско или на грчки Лутраки е село во Мегленско односно во Егејска Македонија. Под името Пожар тоа било познато до 1922 година. Пожарско се наоѓа во северозападниот дел од котлината Меглен, во зелените делови на планината Кајмакчалан, на само 13 километри од градот С’ботско. Лутраки е претставен како дар од природата кој е опколен со бујна вегетација, бројни манстири, потоци, а најпознати од се се топлите бањи.Тука во Лутраки топлите бањи се со температура на водата од 37 до 38 степени Целзиусови.Водите се лековити и се препорачуваат за болни од ревма, ишијас, бронхит, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулаторни и респираторни нарушувања. 
Воден или на грчки Едеса е град во Егејска Македонија, северозападно од Солун. Тој во минатото, односно до 1923 година бил познат како Водена или Воден. Преку железничката пруга, Воден е поврзан со Лерин и Битола кон запад, а на југоисток со Солун. Главен белег на Воден е водопадот Керано или некои како што знаат да кажат Керанос. Тоа е водопад каде што водата паѓа од околу 70 метри висина. Подрачјето околу водопадот во минатото не било добро организирано и средено, но благодарение на Воденската општина денес околу овој водопад има уреден парк кој нуди бројни погодности за сите гости. 
 

ОПИС НА ПАТУВАЊЕТО

  • Поаѓање во 05:00 часот од паркингот пред Пошта на Железничка , собирање на групата во 04:45 часот. Патувањето продолжува кон граничниот премин Богородица, со попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Лутраки околу 10:00 часот. Сместување во апартмани, по што следува слободно време за индивидуални активности и можност за користење на познатите термални бањи. Враќање во апартманите. (Доколку има заинтересираност, може да се организира факултативна вечера.) Ноќевање.
 
  • Следното утро, по напуштањето на апартманите, предвидено е слободно време за повторно уживање во бањите и релаксација. Околу 14:00 часот, поаѓање од Лутраки кон Воден. Посета на познатите водопади, со слободно време за прошетка и разгледување на градот.Поаѓање кон Скопје е предвидено во 17:00 часот.
 

ПОНУДАТА ВКЛУЧУВА:

  • 1 ноќевање во приватни апартмани во Лутраки
  • Превоз на наведената релација
  • Организација и водство на патувањето
 

ПОНУДАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Влез за користење на бањите во Лутраки (3 € – се плаќа на лице место)
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 3.600 денари