.Десеттина километри од Петрич на само два километри од селото Рупите, се наоѓа истоимениот заштител локалитет- Рупите познат по термалните лековити извори, возвишение од вулкански карпи, по ретката флора и фауна и единствена оаза на сребрена топола во Бугарија сместена покрај реката Струма. Овде на Рупите побожната Баба Ванѓа го остварува својот најголем сон да изгради сопствена црква Св. Петка
Мелник е мало градче кое е познато по многу различни природни убавини и убавини кои ги создаваат локалните жители и по кои ова мало место е толку познато. Кога ќе пристигнете во Мелник неминовна е посетата на Кардопуовата куќа – музеј, која има огромна винарска визба. Во визвите во Мелник има бочви со вино кои стојат таму и се стари и по 200 години. Мелник е уште познат и по најстарата куќа во Бугарија, Бојарска куќа. Пирамидите во Мелник се рангирани како највпечатливи природни феномени во Бугарија
Опис на патувањето:
- Тргнување од паркинг пред пошта на железничка, во 05:00 часот (собирање на група 04:45 ч.)
- Патување преку граничен премин Ново Село- Струмица со попатни паузи за царински формалности и одмор.
- Предвидено време за пристигнување во Рупите во Утринските часови. Посета на комплексот во кој ќе се разгледа црквата на Баба Ванѓа " Света Петка" музејот посветен на Рупите како и на животот и делото на Баба Ванѓа. Разглед на прекрасната природа и топлите минерални води со неверојатни 75 степени. По посетата поажање кон најмалиот град во Бугарија, Мелник. Факултативна посета на Кордополовата куќа. Во нејзините подруми може да вкусите вкусно Мелничко вино. Слободно време за индивидуална прошетка, разглед и ручек во Мелник.Поаѓање за Скопје во 17:00 ч.
Понудата вклучува:
- Организација и водство на патувањето.
- Превоз на дадената релација.
- Посета на Рупите
- Посета на најмалиот град Мелник
Понудата не вклучува:
- Индивидуални трошоци
- Влезници за културно историски споменици.
- Влезница за Кордополовата куќа 6 лева.
Цена: 1500 ден. од лицe
* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.