08.12.2026

Програма

  • Состанок на групата на паркингот пред Пошта на железничка  во 03:45ч и поаѓање во 04:00 часот. Патување преку граничен премин Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавала во пладневните часови. Слободно време за прошетка низ Кавала. Ќе имате можност индивидуално да ги посетите црквата на Апостол Павле, до самата црква се наоѓа местото каде што се смета дека Апостол Павле прв пат стапнал во Европа. Можност за посета на тврдината како и симболот на Кавала Аквадуктот.  Во попладневните часови поаѓање за Драма. Посета на една од најубавите божиќни манифестации- Божиќен базар кој изгледа како од бајките- Дрвената куќичка на Дедо Мраз заедно со занаетчиските работилници, куќата на самовилите ,  божиќните штандови со специјално осветлување на кои се продаваат автентични и рачно изработени сувенири и подароци. 
 
Понудата вклучува:
  • превоз на наведената релација
  • организација и водство на патувањето.

Понудата не вклучува:
  • индивидуални трошоци
 
Цена: 2200 денари.
Цена за деца до 10 год: 2000 денари



* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.