08-ми Декември во Врњачка бања
Термален одмор, манастири и зимска бањска атмосфера
05.12-08.12.2026
1 ДЕН 05.12. (сабота) – СКОПЈЕ – ЉУБОСТИЊА – ВРЊАЧКА БАЊА
- Поаѓање во 06:00 часот од паркингот пред пошта на железничка. Собирање на група 05:45.Патувањето продолжува преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Во утринските часови пристигнување во посета на еден од најзначајните српски средновековни манастири –манастирот Љубостиња, Време за разгледување на манастирскиот комплекс и слободно време за посета.По посетата продолжување кон Врњачка Бања. Сместување во хотел Даница. Хотелот се наоѓа во мирен дел на Врњачка Бања. Сместување слободно време одмор и можност за користење на термалните базени во хотел Врњачке Терме. Вечера. Ноќевање.
2 ДЕН 06.12 ( недела )– ВРЊАЧКА БАЊА – ТЕРМАЛНИ БАЗЕНИ
- Појадок во хотелот. Ден предвиден за одмор и уживање во Врњачка Бања. Можност за прошетка низ центарот на бањата, посета на познатите извори, Мостот на љубовта и слободно време за индивидуални активности. Во текот на денот имате можност за користење на термалните базените во Врњачке Терме, Комплексот располага со затворени термални базени, а температурата на водата во базените е околу 32–36°C, што овозможува уживање и во зимскиот период. Вечера. Ноќевање.
3 ДЕН 07.12 ( понеделник )– ВРЊАЧКА БАЊА – ТЕРМАЛНИ БАЗЕНИ
- Појадок во хотелот. Ден за целосно уживање и одмор во Врњачка Бања. Слободно време за прошетка, кафе, шопинг и истражување на бањскиот парк и центарот или повторно уживање во термалните базени.Вечера. Ноќевање
4 ДЕН 08.12 ( понеделник ) – ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – КРАЉЕВО – СКОПЈЕ
- Појадок и напуштање на хотелот.Поаѓање кон манастирот Жича еден од позначајните српски манастири познат како " седмоврата Жича. и разгледување на манастирот. Продолжување кон Краљево, каде што следува слободно време за прошетка и кафе. Во договорено време продолжување кон Скопје, со попатни паузи.Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Понудата вклучува:
- превоз
- 3 ноќевања со појадок и вечера во хотел Даница
- посета на манастир Љубостиња
- посета на манастир Жича
- користење на термалните базени во Врњачке Терме
- туристичка такса
- организација и водтство на патувањето
Понудата не вклучува:
Цена: 199 евра / 12.340 денари
* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.