Откријте ги шармот и разновидноста на северна Грција преку незаборавна посета на Солун, Паралија и Литохоро. Солун, вториот по големина град во Грција, плени со својата богата историја, прекрасните плоштади, и уникатната мешавина од античка и модерна култура. Паралија нуди идеална комбинација од песочни плажи, кристално море и пријатна атмосфера за одмор и релаксација. Литохоро, сместен во подножјето на величествениот Олимп, е совршена дестинација за љубителите на природата, традицијата и автентичниот грчки дух. Оваа патека нуди совршен спој на море, култура, историја и природни убавини.
Програма:
1 ден (10.10.2026 ) сабота Скопје-Солун-Паралија
- Поаѓање во 05:00 часот ( собирање на група во 04:45 од паркингот пред Пошта на железничка. Предвидено време за пристигнување во Солун околу 09:00 часот. Слободно време за прошетка и разглед на Солун.Слободно време за прошетка низ плоштадот Аристотелис. Во договор со групата се упатуваме од Солун кон Паралија. Пристигнување во Паралија. Сместување во приватни апартмани. Слободно време. Можност за организирање на факултативна вечера, во таверна со грчка музика, традиционални танци и грчки специјалитети. Ноќевање
2 ден ( 11.10.2026 ) недела Паралија-Литохоро
- Во дговор со групата во препладневните часови Се упатуваме кон живописното гратче Литохоро, сместено во подножјето на величествениот Олимп. Посета на манастирот Agios Dionisius ( Свети Дионисиј Олимписки ). Манастир кој е основан во 1542 година. Ќе имате можност да прошетате низ традиционалните улички, да ја почувствувате автентичната грчка атмосфера, да ги посетите локалните знаменитости и да уживате во прекрасните природни пејзажи. За љубителите на природата, можност за прошетка покрај клисурата Енипеас, позната по својата убавина, реката и водопадите. Слободно време за кафе, ручек или уживање во традиционалните таверни. Враќање во Паралија. Слободно време. Ноќевање
3 ден (12.10.2026 ) понеделник Паралија-Скопје
- Напуштање на апартманите. Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на Паралија. Поаѓање за Скопје во 16:00 часот.
Понудата вклучува:
- две ноќевања во апартмани во Паралија
- посета на Солун
- посета на Литохоро и манастирот Аgios Dionisius
- превоз на наведената релација
- организација и водство на патувањето.
Понудата не вклучува:
Цена: 4950 денари
** НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.