10.10-12.10.2026

Откријте ги убавините на Србија на ова тридневно патување кое ги обединува историјата, културата и современиот градски живот. Посетете го динамичниот Белград, градот на реките Сава и Дунав, прошетајте низ Нови Сад, културната престолнина на Војводина, и доживејте ја неповторливата атмосфера на Сремски Карловци, барокен град познат по својата духовна традиција, винската култура и историските знаменитости. Тридневната екскурзија нуди идеална можност да уживате во најпознатите знаменитости, локалната гастрономија, шопингот и гостопримството на соседна Србија, создавајќи незаборавни спомени исполнети со култура, традиција и прекрасни пејзажи.
 

Прв ден 10.10.2026 (сабота) СКОПЈЕ – Белград

  • Состанок на групата во 01:45 часот на паркингот пред пошта на Железничка , поаѓање за Србија во 02:00 ч. Ноќно возење низ Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во утринските часови. Организиран панорамски и пешачки разглед на градот со локален водич. Во овој разглед ќе имате можност да се запознаете со храмот Св.Сава, кој е најголем Српски православен храм и втора по големина православна црква во светот, ко е сместен во наслебата Врачар на местото каде според преданијата е запален Свети Сава. Плоштадот Теразије кој го краси Теразиската чешма и убавиот хотел Москва. Булеварот на Крал АлександарСкупштина (Парламентот), црквата Св.Марко која се наоѓа во познатиот Ташмајдански парк во непосредна близина на Парламентот. Плоштадот на Републиката, Кнез Михајлова улица, која е пешачка зона и најпозната улица која што е заштитена со закон и претставува едно од најстарите и највредните градски места кое изобилува со репрезантивни згради и граѓански куќи настанати од времето на 70-тите години.  Tврдината Калемегдан, која како важно историско утврдување ќе ви ги даде одговорите за историските битки на Белград, а ќе ви пружи и преубав поглед од вкрстувањето на Сава и Дунав.  Народниот Театар, Народниот Музеј, како и Боемскиот кварт Скадарлија, улицата на боемите. Со разни ресторани украсени со најшарени цвеќиња, боемска музика и некоја чашка вино, ќе го осетите духот на овој боемски кварт. Не за џабе се рекло " Nisi boem ako nisi vidjen u Skadarliji"   . Сместување во хотел.Слободно време за индивидуална прошетка . Ноќевање.

Втор ден 11.10.2026 ( недела) Белград-Нови Сад-Сремски Карловци

 
  • Појадок. Поаѓање кон Нови Сад, културниот центар на Војводина. По пристигнувањето следува разглед на градот: Плоштадот на слободата, Катедралата „Име на Марија“, Змај Јовина, Дунавската улица, Дунавскиот парк и Петроварадинската тврдина, од каде се пружа прекрасен поглед кон Дунав и градот.

Потоа продолжување кон Сремски Карловци, еден од најубавите барокни градови во Србија. Прошетка низ центарот со посета на Патријаршискиот двор, Соборната црква „Св. Никола“, Фонтаната „Четири лава“ и Капелата на мирот. Слободно време за кафе, ручек или дегустација на прочуеното карловачко вино „Бермет“. Во попладневните часови враќање во Белград. Ноќевање

Трет ден 12.10.2026 ( недела) Белград-Скопје

  • ​Појадок. Напуштање на хотел. Слободно време во Белград за индивидуални активности, прошетка низ Кнез Михаилова, шопинг во трговските центри или посета на некоја од градските знаменитости.Во попладневните часови поаѓање кон Скопје.  Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА: 119 евра по лице / 7380 денари

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел *** на база 2 НП (ноќевање со појадок)
  • Организиран разгледи на Белград  со локален водич
  • Организиран разглед на Нови Сад со локален водич
  • Посета на Сремски Карловци
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • туристичка такса – 220 денари по лице ( задолжителна доплата во агенција)
  • патничко осигурување
  • влезници за културно-историски и верски споменици