Програма:
1 ден (13.12 ) сабота Скопје-Солун-Паралија
- Поаѓање во 05:00 часот ( собирање на група во 04:45 од паркингот пред Пошта на железничка. Предвидено време за пристигнување во Солун околу 09:00 часот. Слободно време за прошетка и разглед на Солун. Во договор со групата околу 14:00 часот се упатуваме од Солун кон Паралија. Пристигнување во Паралија. Сместување во приватни апартмани. Слободно време. Ноќевање
2 ден ( 14.12 ) недела Паралија-Метеори-Трикала
- Утрото околу 07:00 групата поаѓа за Метеори. Попатно ќе се посети работилницата за икони која се наоѓа во градот Каламбака. По разгледот на Работилницата за икони групата се упатува кон посета на манастирот Голем Метеорон ( Мегало Метеоро). Слободно време за индивидуална прошетка и разглед. Во попладневните часови групата ќе се упати кон посета на најголемото Божиќно село во Трикала. Слободно време за разглед на Божиќното село. Во вечерните часови поаѓање за Скопје
Понудата вклучува:
- Едно ноќевања во Паралија
- посета на Солун
- посета на Работилницата за икони
- посета на манастирот Голем Метеорон
- посета на Божиќното село Трикала
- превоз на наведената релација
- организација и водство на патувањето.
Понудата не вклучува:
- индивидуални трошоци
- Влез од 3 евра во манастирот
Цена: 4500 денари по лице
Услови за деца:
- Деца од 2 години до 10 години ( во придружба на две возрасни лица ) плаќаат 3900 денари
* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.