social imagesocial imagesocial image

Еднодневна посета на Ниш

09.03.2024

Ниш во соседна Србија претставува вистинска ризница на историски артефакти. Тој е еден од најстарите градови на Балканот. Родниот град на римскиот император Константин е одалечен од Скопје нешто повеќе од 200 км. Овој град датира уште од предисториско време а во себе зачувал многу од историјата.Градот го добил името од реката Ниш, која тече низ него и која келтските пражители ја нарекуваат Наисус.

Опис на патувањето:
  • Тргнување во 06:00 часот, (состанок на групата на паркинг наспорти скопски саем кај Хотел вип во 05:45). Се патува преку граничен премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Предвидено време за пристигнување во Ниш околу 09:00-09:30 часот.
  • Слободно време за прошетка и разглед на Ниш и Нишката тврдина.
  • Во договор со групата одиме во шопинг центар Делта планет и Stop Shop
  • Тргнување за Скопје во 18:00 часот.
 
Понудата вклучува
  • Превоз на наведената релација
  • Посета на Ниш
  • Посета на шопинг центар Делта планет
  • Посета на шопинг центар Stop Shop
  • Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци 
  • Влезници за културно историски споменици
 
Цена: 1000 денари

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
  •  Во случај на отказ патникот е должен да плати:
  • За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
  • За отказ преку 15 дена пред поаѓање  се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.