Халкидики е полуостровот кој се наоѓа на југоисточниот дел на Грција, на само 60 км од Солун. Распространет на 3000 километри квадратни, излегува на северниот дел на Егејското Море. Во морето влегува со три краци, Касандра, Ситонија и Атос. Касандра е прв или западен крак, од полуостровот Халкидики и е еден од главните туристички центри. Сонце, ситно-песочни плажи, кристално сино море, забава на плажа претсвауваат идеална комбинација за прекрасно поминат ден. Плажите и баровите на првиот крак нудат целосно уживање за сечиј вкус. Може да направите избор помеќу различните плажи на:
►Неа Флогита
►Неа Потидеа
►Калитеа
Опис на програмата:
- Поаѓање во 01:30 часот ( собирање на група во 01:15 од паркинг наспроти скопски саем кај хотел Вип)
- Ноќно возење со паузи за царински формалности и одмор.
- Предвидено време за пристигнување на кракот во утринските часови.
- Секој патник избира едно место од наведените каде ќе го помине денот. Од истото тоа место во договорено време ги земаме за назад.
- Враќање во 18:00 ч. по македонско време од Паљури
- Пристигнување во Скопје околу полноќ.
Цена за Халкидики: 1500 денари за превоз ( за користење на превоз за еднодневна или за користење на превоз во еден правец )
Цена за Халкидики: 2800 денари за користење на превоз во два различни денови
Цена за Флогита: 1300 денари за превоз ( за користење на превоз за еднодневна или за користење на превоз во еден правец)
Цена за Флогита: 2600 денари за користење на превоз во два различни денови.
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
- Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
- Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Организаторот на патувањето го задржува правото да го промени времето и местото на поаѓање и враќање.
- Во случај на отказ патникот е должен да плати:
- За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
- За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
- За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
- За отказ преку 15 дена пред поаѓање се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
- Со уплата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.