08.09.2021

Плажите во Валона пленат со својот син шарм. Тука во Валона може да ги поминете жешките летни денови уживајќи покрај звукот на брановите. Сигурни сме дека Валона ќе ви се допадне. 

Опис на програмата:
  • Поаѓање во 00:00 часот ( собирање на група вo  00:45 од паркинг наспроти скопски саем кај хотел Вип)
  • Ноќно возење со паузи за царински формалности и одмор.
  • Предвидено време за пристигнување во Валона  во утринските часови. 
  • Слободно време за еднодневно уживање. 
  • Враќање во 19:00 часот.
  • Пристигнување во Скопје околу полноќ.

Цена: 1000 денари

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со потпишување Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.