Елбасан и Берат

Елбасан е еден од најголемите градови во Албанија и е административен центар на истоимената област којашто опфаќа 4 околии: Елбасанска околија, Грамшова околија, Либраждова околија и Пеќинска околија. До почетокот на Втората светска војна, Елбасан личел на типичен османски град, со мешавина на источни и средновековни згради, тесно поплочени улици и голем пазар. Во центарот на градот постои православна црква, а околу 7 километри надвор од градот постои стар манастир и православна црква каде што моштите на Јован Владимир, чувани од 1381 до 1995 година, се префрлени во соборната црква во Тирана

Берат е живописен историски град во југо-централна Албанија и воедно претставува и најубавиот град на територијата на Албанија. Берат е сместен на падините на планината Томор и истиот лежи на бреговите на реката Осум. Берат е една од најстарите населби во Албанија, со најрани траги на живот на жителите кои датираат од периодот на 2600 до 1800 година пред нашата ера. Долгата историја на Берат е всушност е различни цивилизации и луѓе. Градот Берат е формиран од две тврдини од двете страни на реката

Опис на патувањето:
  • Поаѓање од паркинг наспроти скопски саем кај хотел Вип во 05.00 часот (собирање на група 04:45). Пауза за царински формалности и одмор.
  • Предвидено време за пристигнување во Елбасан околу 9-10 часот. Слободно време за активности како посета на тврдината во Елбасан и индивидуална прошетка низ градот.
  • Во претпладневните часови во договор со групата се упатуваме кон Берат. Слободно време за прошетка и разглед на градот.
  • Во 17:00 часот поаѓање за Скопје

Понудата вклучува:
  • Посета на Елбасан 
  • Посета на Берат
  • Превоз на наведената релација 
  • Организација и водство на патувањето.

Понудата не вклучува: 
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски спомениц
 
Цена: 1200 денари
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.