11.02-14.02.2027

Доживејте ја магијата на јадранскиот брег!Уживајте во шаренилото на Фестивалот на мимозите во Херцег Нови, прошетајте се низ волшебните Будва, Пераст и Котор и откријте ги убавините на црногорското приморје. Денови исполнети со сонце, море, традиција и незаборавни доживувања!
 
ДЕН 1 – 11.02.2027 (ЧЕТВРТОК) | МАКЕДОНИЈА – БУДВА
  • Состанок на групата пред пошта на Железничка станица во 23:45 часот, поаѓање во 00:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија, со попатни паузи за одмор и царински формалности. 
ДЕН 2 – 12.02.2027 (ПЕТОК) | БУДВА
  • Пристигнување во Будва во утринските часови. Организиран разглед со водич,  со посета на стариот град, неговите тесни камени улички, плоштади и препознатливите знаменитости. Слободно време за индивидуални активности, прошетка покрај морето и уживање во медитеранската атмосфера. Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.
ДЕН 3 – 13.02.2027 (САБОТА) | ХЕРЦЕГ НОВИ – ПЕРАСТ – КОТОР
  •  Појадок. По појадокот поаѓање кон Херцег Нови, каде што ќе бидеме дел од традиционалниот Фестивал на мимозите – една од најпознатите зимски манифестации на Јадранот.Уживање во традиционалната манифестација „Берба на мимозата – Фешта на риба и вино“, која се одржува долж Херцегновската ривиера, во Кумбор, Ѓеновиќи и Баошиќи. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во празничната атмосфера, дефилето на градската музика, мажоретките, традиционалните тромбонери, маскираните групи, како и во богатата гастрономска понуда со риба и вино. По завршувањето на фестивалските активности, околу 14:00 часот продолжуваме кон Пераст – еден од најживописните градови во Бока Которска. Кратка прошетка и можност за уживање во прекрасниот поглед кон заливот и островчињата.Продолжување кон Котор, град под заштита на УНЕСКО. Организиран разглед со водич низ стариот град, неговите плоштади, катедралата Свети Трифун, црквите и средновековните палати. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови враќање кон Будва. Ноќевање.
ДЕН 4 – 14.02.2027 (НЕДЕЛА) | БУДВА – СКАДАР – МАКЕДОНИЈА
  • Појадок и напуштање на хотелот. Поаѓање кон Македонија со попатна посета на Скадар, еден од најстарите и најзначајните градови во Албанија. Прошетка низ централното градско подрачје, можност за индивидуално разгледување и слободно време за кафе и одмор. По посетата продолжување на патувањето кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови

Понудата вклучува:
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Будва
  • посета на Херцег Нови, Котор и Пераст
  • превоз на наведената релација
  • организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • индивидуални трошоци
  • туристичка такса 3 евра по лице  ( се плаќа во агенција при самата уплата )

Цена: 119 евра по лице ( сметано по курс 62) =7380 денари по лице
 
* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.