Започнете ја годината со незаборавно патување во Грција! Ве очекуваат празничниот Солун, новогодишната атмосфера во Паралија, прошетки покрај морето и посета на живописното Литохоро и манастирот „Свети Дионисиј Олимпски“. Три дена исполнети со убави моменти, нови доживувања и спомени што ќе ве следат во Новата Година! Дозволете си поинаков почеток на 2027 година – со насмевка, добра енергија и патување за паметење!
1 ДЕН – 31.12 | СКОПЈЕ – СОЛУН – ПАРАЛИЈА
- Поаѓање во 07:00 часот од паркингот пред пошта на железничка. Собирање на група 06:45. Патување кон Грција со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Солун, градот на морето, историјата и празничната магија. Слободно време за разглед , шопинг и уживање во празничната атмосфера на украсениот Солун.Во договорено време, заминување кон Паралија и сместување во приватни апартмани. . Подготовки за најлудата ноќ во годината и прослава на дочекот на Новата 2027 година во празнична атмосфера. ( факлултативно дочек во таверна со богато мени и грчка традиционална музика )
2 ДЕН – 01.01 | ПАРАЛИЈА
- Слободен ден за одмор и индивидуални активности во Паралија. Можност за индивидуална посета на Катерини или Олимпик Бич, каде што можете да уживате во прошетка, кафе и опуштена празнична атмосфера.Искористете го денот за одмор по новогодишната прослава, прошетка покрај морето и уживање во убавините на ова популарно грчко летувалиште.Ноќевање.
3 ДЕН – 02.01 | ПАРАЛИЈА – ЛИТОХОРО – МАНАСТИР „СВЕТИ ДИОНИСИЈ – СКОПЈЕ
- Напуштање на апартманите. Заминување кон Литохоро, живописно гратче сместено во подножјето на величествената планина Олимп.Посета на манастирот „Свети Дионисиј Олимпски“, значаен православен духовен центар опкружен со прекрасна природа.Потоа следува слободно време за прошетка низ шармантни улички на Литохоро и уживање во автентичната грчка атмосфера. Поаѓање кон Македонија во 16:00 часот.
Понудата вклучува:
- Превоз на дадена релација Скопје-Паралија-Солун-Литохоро-Скопје
- 2 ноќевања во апартмани во Паралија
- Организација и водство на патувањето.
Понуда не вклучува:
- дочек во таверна
- туристичка такса 2 евра по лице ( задолжително се плаќа во агенција )
- Индивидуални трошоци
Цена: 79 евра од лице/ 4900 ден.