30.12-03.01

Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти

1 ден 30.12.2020  СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

  • Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски  во 16:30 ч. Поаѓање за Истанбул во 17:00 h. Се патува преку граничниот премин Деве Баир  и низ Бугарија. Ноќно возење со попатни паузи.   

2 ден 31.12.2020  ИСТАНБУЛ

  • Пристигнување во Истанбул во утринските часови.  Можност за сместување во утринските часови доколку собите се слободни или сместување според хотелските правила, после 14:00 часот.  Слободен ден за индивидуални прошетки или придружете се на откривање на Истанбул со нашиот водич.

Денот е предвиден за  неколку доживувања и првите приказни за Истанбул од 1001 ноќ:

РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ + ИСТАНБУЛ НА ДЛАНКА ОД КУЛАТАSAPPHIRE :

SAPPHIRE : Најпрво одиме во посета на  Sapphire облакодерот кој кога се изгради во 2010 г. важеше за 4-ти највисок облакодер во Европа. Има 54 ката и 10 ката под земја.  Со експресен лифт се искачувате до врвот каде од терасате Истанбул го имате како на дланка: Европски дел, Азиски дел, Босфор... Тука ќе може дауживаме во 4D проекцијасо хеликоптер...„ ќе летаме над Истанбул и неговите најубави споменици“...

ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ + ТАКСИМ: Потоа ве водиме на прекрасно панорамско разгледување на градот со автобус и лиценциран локален водич:  Квартот Аксарај со Валиде џамијата, Шехзаде  џамијата, Валенсовиот аквадукт, мостовите Ататурк и Галата, Новата џамија со Египетскиот пазар, прочуениот Пера Палас хотел, познат од приказните на Агата Кристи. Посета на Таксим, централниот плоштад на Истанбул. Тука се наоѓа познатата пешачка улица Istiklal, и многубројните продавници, трговски центар, ресторани. Низ улицата поминува познатиот црвен транвај. Слободно време за шопинг и кафе.

Сместување во хотел. Слободно време за одмор.

Вечерта факултативно ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2021 со крстарење по Босфор (со вечера и богата забавна програма)  Ноќевање.

3 ден 01.01. 2021  ИСТАНБУЛ

  • Појадок. Продолжуваме со нашите возбудливи приказни од 1001 ноќ. Ве водиме во:

ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈАПосета на една од најзначајните симболи на христијанството. Според рангирањето, оваа патријаршија е прва и се смета за центар на сите православни цркви во светот. Внатрешноста на црквата е богато украсена со извонредни златни иконостаси, кои прикажуваат детали од животот на Исус Христос. Најзначајна реликвија во црквата е столбот со црна боја за кој се верува дека е столбот на кој Исус бил заврзан пред да биде распнат на крст.

ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА Посетана најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот  на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Го посетуваме Резиденционалниот дел од Палатата.

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОРЗаминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата... Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...), Султанската палата Чираган ... Крстариме покрај прекрасните палатите од познатите Турски ТВ серии. 

АЗИЈА + УСКУДАР + БЕЈЛЕРБЕЈИ Со метро се возиме под Босфор до Ускудар (поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор...Европа - Азија)- една од најстарите Истанбулски населби покрај Босфор со многубројни  кафе ресторани, слаткарници и познатата Џамија на Михримах Султан, ќерката на Султан Сулејман. Потоа со автобус продолжуваме кон Бејлербеји местото кое се наоѓа под Босфорскиот мост на Азиската страна. Отмено место со многу ресторани покрај Босфор. Место каде се наоѓа и прекрасната палата Бејлербеи на 32-от Султан Абдулазиз. Ноќевање.

4 ден 02.01.2021  ИСТАНБУЛ СКОПЈЕ

  • Појадок. Продолжуваме со нашите возбудливи приказни од 1001 ноќ. Ве водиме во:

ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ :

Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе го посетиме историскиот дел на Истанбул – пешачка тура. Ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамијаСултан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Ќе ја видиме и познатата порано црква а сега џамија АЈА СОФИЈА ,  и најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата . Потоа можност да се посети и Подземната византиска цистерна,14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина од каде градот бил снабду ван со вода за пиење. Пешки продолжуваме до Капали чаршија ... 
МИНИАТУРК Потоа, факултативно - посета на МИНИАТУРК - минијатурен парк отворен во 2003 година, со површина од 60000 м2, најголем минијатурен парк во светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25.

5 ден 03.01.2021  ИСТАНБУЛ СКОПЈЕ

  • Појадок.  Одјавување од хотел.   Поаѓање кон Скопје со посета на  најголемиот шопинг центар FORUMIKEA  и DECATHLON  Можност да го посетите и големиот Аквариум во состав на трговскиот центар. Во попладневните часови тргнуваме кон Скопје, преку Бугарија. Пристигнување во Скопје после полноќните часови.

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :    99 € / 6.140 Ден.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  •          Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  •          Сместување во хотел со 3*,на база  3 ноќевања со појадок
  •          Пешачка тура низ стариот дел на Истанбул
  •          Посета на Капали Чаршија
  •          Влез во Аја Софија – бесплатен влез
  •          Прошетка низ Хиподромот и Султан Ахмед плоштадот
  •          Посета на Сина Џамија
  •          Посета на Вселенска Патријаршија
  •          Посета на најголемиот трговски центар FORUM, Decathlon и Ikea
  •          Професионален туристички пратител

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  •          Факултативни излети,влезници,метро карти:
  •          Панорамски разглед на европски Истанбул: 10€
  •          Посета на Долма Бахче палатата: 30€
  •          Крстарење по Босфор покрај луксузните вили во кои се снимани турските серии: 20€
  •          Посета на Ускудар и ноќен разглед на Азиски Истанбул: 15€
  •          ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ – пешачка тура:  - гратис
  •          Влезница во Топ Капи палатата: 20€
  •          Влезница во подземната цистерна: 10€
  •          Посета на SAPPHIRE облакодерот (експрес лифт до врвот + 4 Д кино):  20€
  •          Миниатурк 10€
  •          Ноќно НОВОГОДИШНО крстарење по Босфор со традиционална програма и вечера со неограничен пијалок , со трансфер: 105€
  •          Патничко осигурување 210 мкд.
  •          Доплата за еднокреветна соба 50€
  •          Организирани трансфери од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес: 10€

 

НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците при уплата на резервација да се проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршивањето на аранжманот.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплата. За избор на седиште се доплаќа во агенција при уплата на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • Пополнетоста на автобусот е максимум 75%, според новите протоколи за Ковид 19
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.
  •