07.10-13.10

Ако постои бајка за една магична земја направена од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија, која се наоѓа во централна Турција и е позната по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Областа Кападокија во покраината Невшехир со причина е вклучена во списокот на Унеско за место со културно и природно значење за човечкото наследство. Кападокија некогаш била дел од Византија, а денес изобилува со убавини кои го одземаат здивот.
 
01 Ден:    СКОПЈЕ – АНКАРА:
  • Состанок на групата на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски во 09:30 часот. Поаѓање во 10:00 часот. Се патува преку гр.премин Деве Баир, Бугарија (Софија,Пловдив),  Истанбул,  Анкара, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

02 Ден:   АНКАРА - СОЛЕНО ЕЗЕРО (TUZ GOLU)  - ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:
  • Во утринските часови пристигнуваме во Анкара. Предлагаме панорамско разгледување на Анкара со локален водич: центарот Кизил Ај, зградата на стариот Парламент каде Ататурк прогласил конечно ослободување од султанството и почетоци на Независна Република Турција, новата грандиозна резиденција на Претседателот на Турција (Реџеп Таип Ердоган).  Посета на Мавзолејот на Ататурк- Анит Кабир. Посета на голем шопинг мол во Анкара. Патувањето продолжува кон Кападокија со пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот... долго 100 км, широко 50 км, длабоко 50 см, ( во зимскиот период  достигнува длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите на сол во Турција се црпат токму од ова езеро. По одморот продолжуваме кон Ѓореме, Кападокија. Пристигнување во попладневните часови. Сместување во одбран хотел и краток одмор.Пред вечера, ве водиме на разглед на Ѓореме: Општината, Римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Тepe (влезница 3 ТЛ), првите „самовилини оџаци„, улиците со сувенири и ресторани. Нашиот водич ќе ве упати каде да го испиете првото турско кафе со панорамски поглед на Ѓореме. Вечера. Ноќевање. 
 
03 Ден: ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА :   ЛЕТ СО БАЛОН – МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА - “ATV SUNSET TOUR”  – ТУРСКА ВЕЧЕР
                                       Денот е предвиден за 4 возбудливи доживувања:
 
  •  ЛЕТ СО БАЛОН: од платото на хотел ТУРИСТ 4*! Рано наутро пред магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа магична авантура  никогаш нема да ја заборавите... уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печката што го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балони во лет, и секако... магичното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига на 1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот. Враќање во хотел. Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните. Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла)Појадок.  Слободно предпладне или препорачуваме полудневна тура:
 
  • МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА: Во водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и запознавање со првите приказни за Кападокија. Почнуваме со посета на Долината на „Трите Убавици„ каде ќе ја слушнеме тажна легенда за нив. Потоа одиме кон Ургуп, најголемото место во Кападокија со траги од стари Грчки и Римски куќи,  траги од Селџуците. Посета на Мустафапаша, некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото.  Место каде живеат Македонци. На крај посета на   фамилијарна работилница и продавница за слатки. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуална прошетка низ Ѓореме и ручек во некој од локални ресторани.
 
  •  МАГИЧЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО : Препорачуваме 2 можности :
- “ATV SUNSET TOUR”: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци„, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Незаборавна авантура.  (Дозвола не е потребна)        или....
- “BUS SUNSET TOUR”:  Посета на Долина на Љубовта долина каде што тајно се среќавале вљубените парови. Место каде што Вашите желби се исполнуваат. Потоа поминуваме покрај старото место Невшехир и го гледаме најубавиот залез на сонцето од Црвената Долина.
Враќање во хотел.  Вечера.
 
ТУРСКА ВЕЧЕР: Во вечерните часови  ве водиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц,  во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија како од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна  вечера по ваш избор и неограничена дегустација на локално вино, турска ракија, водка, пиво, сокови. Враќање во хотел.   Ноќевање.
 
 04 Ден:  ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА – КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА -
  •  Појадок. Денот е предвиден за 2 возбудливи доживувања:
 
КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА:  Почнуваме со панорамски поглед на замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме...
Потоа Ве водиме во подземниот град  Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени 4 ката под земјата, поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км.... Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка  по дел од долината (3,5 км), по течението на реката Мелендиз,  со пауза на пола пат за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Можност да ја пробате највкусната Турска палачинка – Ѓозлеме, турско кафе, чај или сок, разладувајќи ги нозете во реката. Потоа одиме на Ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река... По ручекот продолжуваме кон Манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во  Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години.  За крај ве водиме на панорамски поглед на кратерското езеро “Nargolu”. Враќање во хотел. Вечера.
 
ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите пропратен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата.
Доживејте ја магијата на единствената мистична изведба на Дервишите. Враќање во хотел.  Ноќевање.
 
05 Ден:   ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:  СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА - АНКАРА
  • Појадок. Го оставаме багажот во автобус и Ве водиме во Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со посета на  “Ѓореме музејот на отворено”- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита  на УНЕСКО од 1984 год. Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде  посетуваме работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир. Ручек во локален ресторан. Следат посети и разгледувања на најубавите долини:Дервент - долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени – волшебни самовилини оџаци.Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г.Пашаба - или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„.  Дури и Полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најсликано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„.Долината на гулабите – Поглед на долина  која е големо живеалиште на гулабите.Полни со впечатоци, во попладневните часови поаѓаме кон Анкара. Пристигнување во Анкара во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
 
06 Ден: АНКАРА - СКОПЈЕ:
  • Рано наутро поаѓање кон Скопје покрај Истанбул, Едрене, гр. Премин Капикуле, Софија со попатни паузи за одмор.Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
 

ЦЕНА  НА  АРАНЖМАНОТ, во зависност од изборот на хотел во Кападокија :
 
  • “TOURIST HOTEL & RESORT CAPPADOKIA” 4* - ЃОРЕМЕ  - Наша препорака !Од платото пред  хотелот полетуват балоните !
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО  25.09. 2020:      189 €  ( 11.720 денари )
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   209 €  ( 12.960 денари )       www.touristhotel.com.tr
  • CAVE/STONE – ПЕШТЕРСКИ ХОТЕЛИ во центар на ЃОРЕМЕ - Наша препорака за вистинско доживување  
Појадок со поглед на “ Самовилините оџаци “ но и на балоните кои летаат над Вас !
“OSMANBAY” CAVE HOTEL – Уникатно доживување, престој во реновирани пештерски куќи, луксузно опремени соби со ТВ, купатило, клима/греење, ....
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 25.09.2020 :       199 €  (12.340 денари)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   229 €   (14.200 денари)

 
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација , Ковид 19 протокол запазен!
  • 3 Полупансиони  во хотел TOURIST 4*во Гореме, во срцето на Кападокија.
Од платото на хотелот, покрај прекрасниот базен, ќе го гледате полетувањето на балоните.      или
  • 3 Полупансиони во “OSMANBAY” CAVE HOTEL, во центар на Ѓореме. Појадок на тераса со панорамски поглед на градот и балоните во мугрите. Вечерата е во локален ресторан во Гореме. 
  • 1 Ноќевање во New Park Hotel 5*, Анкара 
  • Посета на соленото езеро Туз Ѓолу,
  • Разглед на Ѓореме со наш водич,
  • Организација на патувањето,
  • Лиценциран, искусен туристички придружник на патувањето.
  • Организирани трансфери од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес: 10€
 
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Задолжително патничко осигурување 210 мкд,
  • “Голема Тура Кападокија”, вклучен ручек и влезници,превоз, локален водич: (45€),
  • “Срцето на Кападокија”, вклучен ручек и влезници, превоз, локален водич: (45€),
  • “Црвена Долина”  со залез на сонцето, превоз, локален водич: (10€),
  • “Мистична Кападокија”, со посета на  Ургуп и Мустафапаша, превоз, локален водич : (10€),
  • “ ATV SUNSET TOUR” , трансфери, водич, 2 часа возење, кацига: (25€) – цената е за АТВ, за 2 лица !
  • Турска вечер со шоу програма, вечера и неограничен пијалок, превоз, локален водич: (35€),
  • Танц на дервишите : церемонија , превоз, локален водич: (25€),
  • Лет со балон  - (од 140 €) . Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација.
*Цената може да претрпи промени.
  • Разглед на Анкара со локален водич (10€),
  • Појадок во хотел во Анкара (5€),
  • Туристичка такса 2 €  по лице на ден. ( се плаќа во агенција )
  • Доплата за еднокреветна соба :  х.Турист 4* 4400 ден, Cave: 4700 ден   


 
 
НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • За резервација задолжителна е уплата на аванс од 30 % од вкупниот износ
  • Целосна доплата 10 дена пред патување 
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците при уплата на резервација да се проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршивањето на аранжманот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.
  •