Копаоник еден од поголемите планински венци во Србија. Сместен е во централниот дел на земјата со мал дел во Северно Косово. Копаоник е најважниот скијачки центар во Србија, со вкупно 25 жичари со капацитет од 32.000 скијачи на час. Tуризмор на планината е претежно од спортски карактер. Преовладуваат зимските спортови како скијањето со се застапени и други спортски активности. Има голем број сместувачки капацитети, кафетерии, барови и ноќни клубови. Од Брзеќе до скијачкиот центар води кабинска жичарница.
Oпис на патувањето:
- Собирање на групата во 05:45 на паркинг карши скопски саем кај хотел Вип. Поаѓање за Копаоник во 06:00.
- Пристигнување во Копаоник. Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Копаоник.
- Тргнување за Скопје во 17:00 часот.
Цена: 1200 денари