27.04.2024

Костур е еден од најживописните градови во Егејскиот дел на Македонија. Изграден е на брегот на прекрасното Костурско Езеро. Подрачјето е претежно планинско, со изразито континентална клима. Патеката долж езерото е долга 9 километри, а самото езеро е дом на 200 различни видови на животни, меѓу кои и некои ретки и загрозени видови. Прошетајте по тесната патека долж крајбрежјето на езерото, ќе бидете изненадени од неговата убавина и спокојство. Градот може да се пофали со голем број многу профитабилни продавници и фабрики за крзно и текстил.

Свети Ахил или Свети Аил е остров во Малото Преспанско Езеро. Тој бил населен уште од античко време. Во југозападниот дел се пронајдени остатоци од античката македонска населба Лика. Во средниот век тука бил главниот град на Самоиловата држава, градот Преспа, како и дворците на царот Самуил.  Денес единствено населено место на островот е истоименото село Ахил, кое е мала населба од неколку куќи. Некогашна и историска Преспа буди убави спомени од далечното, но славното минато на цар Самоил. Може да се претпостави дека Самуил ја преправил и раширил црквата Св. Ахил, која била патријаршиска катедрала. 

Пештерата на Змејот се наоѓа на северот од градот, на 2 километри од патот Souggaridi покрај езерото и непосредно пред да стигне до манастирот на Панагија Мавритиса. Неговиот влез е околу 20 метри оддалечен од езерото и 14 метри од патот. Внатрешноста на пештерата е поделена во големи делови од копно и вода и двете се со впечатлива декорација на сталактитите. Постојат 7 подземни езера, 10 соби и 5 коридори-тунели во пештерата. Најголемата соба во пештерата е со димензии 45 метри на 17 метри и има централен дел кој се протега над неговите странични делови, кои завршуваат во езерата. Најголемото езеро во пештерата кое е исто така најдлабоко е на запад. Температурата во внатрешноста на пештерата останува стабилна во целата година, и се движи помеѓу 16-18 степени, додека влажноста достигнува 90%.

Опис на патувањето:
  • Тргнување во 03:00 (собирање на група во 02:45 од паркинг наспорти East Gate, кај Хотел Вип). Ноќно возење преку граничен премин Меџитлија со попатни паузи за царински формалности и одмор. 
  • Предвидено време за пристигнување во Ахил околу 09:00 часот. Прошетка низ островот и посета на базиликата Св.Ахил на Цар Самоил.
  • Во договор со групата се упатуваме кон Костур. Посета на манастир Панагија Мавритиса и факултативна посета на пештерата на Змејот.
  • Во 17:00 часот поаѓање за Скопје. 


Програмата вклучува:
  • Посета на црквата Панагија Мавритиса
  • Посета на островот Св.Ахил.
  • Превоз на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето.

Програмата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци.
  • 5 евра влез за Пештерата на Змејот.
  • Влезови за културно историски споменици.


Цена:1600 денари 
 
 
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.