Вила Јулианос
Релативно новоградба лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 600м од плажата со многу гостопримливи домакини Вила која ја работиме веќе 9то лето и од која имаме само пофалби.
Располага со студија за 2 лица и апартман за 4 лица дуплекс (со посебни спални).
Сите се опремени со сопствена физички одделена кујна и комплетно опремена (голем шпорет со рерна, тостер, голем фрижидер, чаши, филџани, лажици, вилушки, ножеви) посебна спална и тоалет. Сите имаат исто сопствена тераса. А позади вилата има скара која е на располагање на користење на гостите. Вилата има wifi, телевизор и клима уред(се доплаќа на лице место 5 евра од ден).
Вила Атанасиус
Вила Атанасиус се наоѓа во Ипсос на островот Крф на 300м  оддалеченост од главната плажа. Вилата располага со едноспални апартмани и студија за две лица и дуплекс апартмани за четири лица. Апартманите имаат оделна кујна, купатило+ wc и балкон. Просториите немаат ТВ. Објектот има Wifi.  Дел од дуплекс апартманите располагаат со два тоалети и два балкони. Во непосредна близина на вилата се наоѓаат маркети и ресторани. Битно е да се потенцира дека не во секоја кујна има рерна, во некои има решо. Апартманите не располагаат со клима.
ЦЕНОВНИК
28.05 - 04.06 109 е
04.06 - 11.06 119 е
11.06 - 18.06 129 е
18.06 - 25.06 135 е

25.06 - 02.07

143 е
02.07 - 09.07 152 е
09.07 - 16.07 189 е
16.07 - 23.07 199 е
23.07 - 30.07 199 е
30.07 - 06.08 199 е
06.08 - 13.08 199 е
13.08 - 20.08 199 е
20.08 - 27.08 177 е
27.08 - 03.09 152 е
03.09 - 10.09 129 е
10.09 - 17.09 119 е
17.09 - 24.07 109 е
24.07 - 01.10 101 е
 
Што е вклучено во цената
– Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
– 7 ноќевања 8 дена сместување
– Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој
Што не е вклучено во цената
– Факултативни излети
– Патничко осигурување
– Туристичка такса (3.5 евра од студио за 7  ноќевања која се плаќа задолжително на лице место во објектот)
– Повратна карта за траект – 20 евра од лице (се плаќа задолжително во автобус)

ПЛАН И ПРОГРАМА

 

ПРВ ДЕН- ПОАЃАЊЕ
Состанок во вечерните часови на ден пред почеток на аранжманот односно секој петок. Поаѓање кон Остроф Крф со попатни паузи и царински формалности. Предвидено е пристигнување во утринските часови во Ипсос.
Сместување во вилата е после 14:00 часот по локално време.
 

ВТОР ДО СЕДМИ ДЕН (ПРЕСТОЈ)
 
ОСМИ ДЕН (ВРАЌАЊЕ)
Факултативни излети
 

Тура на север (Палеокастрица и Сидари)
Овој ден се посетуваат местата Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив.
Од овде се оди во Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.
 

Посета на плажата Глифада
Kрстарење со брод
Крстарење до Паксос и Антипаксос
Аква Парк
 
ВАЖНО
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 10 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени.

CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00
  • Двокреветни,трокреветни студија (во двокреветните се додава дополнително легло за трето лице) и дуплекс апартмани.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студија, а не се селектирани по едно студио.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Дете од 0 до 3,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните, доплаќа само превоз 50 евра
  • Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло  има 50% попуст со двајца возрасни во соба.Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата,
  •  Секој патник седи според бројот на уплата, доколку сакате да селектирате седиште истото се доплаќа 15 евра од седиште.
  • За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А МТС Травел Сервис - Скопје