Луковска Бања се наоѓа на југот на Србија, на источните падини на Копаоник. Иако се наоѓа на 681м. надморска висина, што ја чини највисока бања во Србија, опкружена е со височини од преку 1000 метри, па има пријатна умерена клима. Луковска Бања ја карактеризираат обилни извори на минерална вода, недопрена природа на шумливиот Копаоник и кристално чистиот воздух. По бројот на извори на минерални води, различниот состав и температурата спаѓа во најбогатите во земјата. На подрачјето на Луковска Бања се издвојуваат две групи извори и тоа: западна ( горна бања) со 20 природни извори, и источна ( долна) со 13  природни извори. Во најтоплиот бањски извор температурата изнесува до 68 степени Целзиусови, додека температурата на водата која се користи при терапиите е со температурата од 30 до 35 степени Целзиусови. Луковска бања посебно е атрактивна за посета во текот на постудените месеци, тогаш истот така може да уживате во топлата вода на базените. 


Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркингот кај Вип Хотел, наспроти Скопски саем во 05:00 часот ( собирање на група 04:45)
  • Предвидено време за пристигнување до 10 часот 
  • Слободно време за користење на базените ( доплата на лице место 700 динари (5 евра за базенот)  и 1200 динари  ( 10 евра за спа центар) 
  • Тргнување за Скопје во 17:00 часот
 
Цена: 800 денари
Во цената не е вклучено патничко осигурување.