13.06.2021

Црквата Света Богородица преставува централна катедралска и парохиска црква во Македонски Брод. Црквата е изградена во 1872 година. Иконостасот и иконите се дело на зографот Николај од Крушево, изработени во периодот од 1883-1885 година. Делумно е фрескоживописана во 1988 година од страна на зографите Јован и Гоце Милески.
Во близина на Македонски Брод се наоѓа Пештерата Пешна. Оваа пештера го добила името по сестрата на Крале Марко – Пешна, за која многу голем дел од нас и не слушнале. Според легендата која и ден денес се раскажува, уште во 14-тиот век опеаниот македонски јунак Крали Марко и изградил куќа на својата сестра Пешна на самиот почеток од пештерата, која подоцна почнала да се нарекува Пешна. Куќата со своите огромни и дебели камени ѕидови наликува на мала тврдина.

Девини Кули- археолошко наоѓалиште на два километри јужно од поречкото село Девич. Се наоѓа на околу седум километри до Македонски Брод, во насока кон Самоков. Тврдината се наоѓа на рид што се издигнува на височина од околу 75 метри над коритото на реката Треска. На ова место, реката прави голем завој и го оградува градиштето од три страни. Средновековниот град, наречен Девич, го наследил античкиот како најдобро утврдено градиште на реката Треска. Изграден е по српското освојување кон крајот на 13 или 14 век. Рударството тогаш силно се развило и градот бил економски центар на регионот. Самиот град Девич не е споменат во османлиските документи, што укажува дека тој исчезнал.

Белица е село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод. Името на селото првпат е споменато како „Белица“ во турски документи од 1468 година. Името потекнува од бел, семантички еквивалент на „Бела Река“. Преземено од хидронимот Белица, настанат од придавската синтагма „Бела (Вода)“ од бел „кој има боја на снег, на млеко: прозрачен, чист“. За името Белица постојат две теории, едната вели дека поради белата бистра река се нарекло Белица, а додека другата теорија вели дека село е наречено по легендата за некоја девојка Белаица, која во тој период требало да се потурчи, не не прифатила и се фрлила во реката и по тоа селото и реката го носат името Белица.


Опис на патувањето:
  • Тргнување во 07:30 ч. од паркингот кај Хотел Вип (спроти скопски саем), собирање на група во 07:15 ч.
  • Посета на црквата Св.Богородица во Македонски Брод. 
  • Посета на пештерата Пешна и селото Девич
  • Посета на селото Белица и можност за факултативен ручек во некој од рибните ресторани кои се наоѓаат покрај Треска.

Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената релација.
  • Посета на црквата Св.Богородица во Македонски Брод.
  • Посета на пештерата Пешна, селото Девич и селото Белица.
  • Организација и водство на патувањето.

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици.
 
Цена: 600 денари

 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.