Шарена џамија, Лешок, Беловиште

04.05.2025

Лешочки манастир претставува православен манастирски комплекс, кој претставува најголем духовен центар во Тетовски. Манастирот е сместен во природен амбиент во близина на селото Лешок на надморска височина од 610 метри. Во комплексот се наоѓаат црквите Св. Атанасиј и Св. Богородица, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од 19 век. Во манастирските конаци им а параклис посветен на светите Кирил и Методиј, додека надвор од манастирскиот комплекс има стара црква посветена на Атанасиј Александриски. Манастирот за прв пат е основан во 1321 година од страна на епископотполошки Антониј. 

Опис на патувањето:

  • Тргнување во 07:30 ч. од паркингот пред пошта на железничка. Собирање на група  во 07:15 ч.
  • Предвидено време за пристигнување до 09:30. Посета на Шарена џамија. Слободно време за прошетка и разглед.
  • Во договор со групата поаѓаме кон Лешок во посета на Лешочки манастир. Слободно време за прошетка и разглед.
  • Посета на село Беловиште и можност за ручек во некој од рестораните. 
  • Предвидено време за тргнување за Скопје во 17:00 часот.


Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената релација
  • Посета на Шарена џамија
  • Посета на Лешочки манастир
  • Посета на Беловиште
  • Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници во културно-историски споменици

Цена: 800 денари