05.03.2023

Метеорите се наречени Карпи во воздухот, кои се едни од најголемите православни комплекси во Грција. Тие се сместени над гратчето Каламбака. Град кој е препознатлив по бројните тесни улички, ниски куќички, кафулиња, како и многубројните продавници со икони.  Шесте воодушевувачки манастири се изградени на природни столбови од песочен камен. Околината на овие столбови била населена уште пред 50000 години, а некаде во 9 век, една група на монаси се преселила на древните столбови.Монасите најпрво живееле во дупките на карпите, а подоцна некаде околу 12 век почнале да се градат манастирите. Просечната висина на карпите е 313 метри, и до горе се стигнува само со помош на кошници и систем од јажина. Денес од шесте манастири, пет се машки и еден е женски.
 
 
Опис на патувањето:
  • Поаѓање од паркинг кај Вип Хотел,наспроти Скопски Саем, во 02:00 часот (собирање на група 01:45 ч.).Патувањето води кон граничен премин Богородица. Пауза за царински формалности и одмор.
  • Предвидено време за пристигнување во работилницата за икони-Каламбака до 10 часот. По посетата групата се упатува кон посета на манастирот Голем Метеорон
  • Слободно време за разглед на манастирот. Слободно време и пауза за ручек.
  • Во попладневните часови се упатуваме кон посета на црквата Св. Петка во долината Темпи.
  • Во вечерните часови поаѓање за Скопје.
 
Понудата вклучува:
  • Посета на работилницата за икони во Каламбака
  • Посета на црката Св. Петка
  • Превоз на наведените локации
  • Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • Влезница од 3 евра во манастирот Голем Метеорон
  • Патничко осигурување кое е задолжително.

Цена: 1800 денари.

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Во случај на отказ патникот е должен да плати:
  • За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
  • За отказ преку 15 дена пред поаѓање  се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.