Попова Шапка е познат зимско-рекреативен центар во северозападниот дел на Македонија. Именуван е според истоимениот врв на Шар Планина кој се наоѓа во непосредна близина. Зимско-рекреативниот центар е одалечен 18 км од Тетово, 53 км од Скопје. Пред воените дејствија во 2001 година до Попова Шапка можело да се стигне и преку гондолска жичарница долга околу 7 км. Но поради сериозни оштетувања за време на воените дејствија жичарницата е нефункционална. Почетната станица на жичарницата се наоѓа во Близина на Арабати баба- теќе и за неполни четириесет минути можело да се стигне до Попова Шапка.
Oпис на патувањето:
- Собирање на групата во 07:15 на паркинг карши скопски саем кај хотел Вип. Поаѓање во 07:30.
- Пристигнување во Шапка. Слободно време за индивидуални активности и прошетка.
- Тргнување за Скопје во 15:30 часот.
Цена: 400 денари