Паралија е сместена во прегратките на планината на 12-те богови-Олимп. Паралија е идеално место за сите оние кои што сакаат да уживаат
во пријатната медитеранска клима и убавата и долга плажа. Долж шеталиштето во Паралија ќе имате можност да уживате во локалните продавници, но исто така ќе имате можност да уживате во бројните таверни, барови, ресторани и ноќни клубови кои што само ја дополнуваат туристичката понуда на ова место.
Програма:
- Тргнување на 21.06 (петок) од паркингот наспроти скопски саем кај хотел вип во 05:00 часот (собирање на група 04:45)
- Предвидено време за пристигнување во Паралија околу 10:00 часот. Сместување после 13:00 Слободно време.Ноќевање
- Тргнување за Македонија на 23.06 ( недела ) во попладневните часови.
Програмата вклучува:
- две ноќевања во Паралија
- превоз на наведената релација
- организација и водтсво на патувањето.
Понудата не вклучува:
* доплата за туристичка такса 1,50 од соба од ден. ( се плаќa во агенција )
Промотивна цена: 4300 денари за целосна уплата до 31.05
Редовна цена-5000 денари.
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
- Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
- Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Во случај на отказ патникот е должен да плати:
- За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
- За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
- За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
- За отказ преку 15 дена пред поаѓање се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
- Со уплата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.