Пролом бања - Ѓавол Варош

Пролом Бања се наоѓа во Јужна Србија, на падините на планината Радан. Позната е, пред се', по својата лековита Пролом вода која припаѓа на ретката група води со високи балнеолошки вредности: високоалкална (pH 8,8-9,2), нискоминерализирана (сув остаток 148 мг/л), бикарбонатна. Со желба да Ви го доближиме овој единствен дар на природата, овозможивме секаде во хотелот да бидете во контат со Пролом водата.

Ѓаволски град или Ѓавол Варош е карпест дел од Јужна Србија на планината Радан, во непосредна близина на Пролом Бања. Има 202 необилни земјени пирамиди или кули како што ги нарекуваат мештаните. Високи се од 2 до 15 метри и широки од 4 до 6 метри при основата. Истите се создадени од силна ерозија на почвата поради голема вулканска активност пред повеќе милиони години. Повеќе улчи имаат глави или капи од андезит кои ги штитат од понатамошни одрони.
 

Опис на програмата:

  • Тргнување во 06:00 часот наспорти саем кај хотел ВИП. Собирање на група 05:45. Се патува преку Косово. Предвидено време за пристигнување во Пролом бања е до 9 часот.
  • Слободно време за посета на црквата Св. Преображение која се наоѓа преку самиот хотел Радан. Слободно време и за користење на бањите.
  • По посетата се упатуваме кон посета на Ѓаволски град.
  • Во 17:00 часот тргнување кон Скопје.
 

Понудата вклучува

  • Превоз на наведената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • Посета на Пролом Бања 

Понудата не вклучува​
 
  • Влезница за користење на услугите на бањата
  • Влезница за посета на Ѓавослки град: 200 динари
  • Индивидуални трошоци

Цена: 800 денари


ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.