Пролом Бања се наоѓа во Јужна Србија, на падините на планината Радан. Позната е, пред сè, по својата лековита Пролом вода, која припаѓа на ретката група води со високи балнеолошки вредности: високоалкална, нискоминерализирана, бикарбонатна.
Ефектот на лекувањето се зголемува со примена на балнеолошки и физикални третмани, со престој на чист и свеж воздух и прошетки во недопрената природа на Пролом Бања. За подобрување на општата здравствена состојба придонесуваат надморската височина (550-668 м) и умерено континенталната клима со голем број сончеви денови во годината.
Благодарејќи на единствените карактеристики на Пролом водата, балнеолошките сознанија и медицинските истражувања, утврдени се следните индикации за лекување во Пролом Бања: болести на бубрезите и мочните патишта, заболување на органите за варење, заболувања на кожата, ревматизам.



Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркингот кај Вип Хотел, наспроти Скопски саем во 05:00 часот ( собирање на група 04:45)
  • Предвидено време за пристигнување до 10 часот 
  • Слободно време за користење на базените ( доплата на лице место)
  • Тргнување за Скопје во 17:00 часот

Цена: 800 денари
Во цената не е вклучено патничко осигурување.