Манастир Раваница
Манастирот Раваница е изграден во втората половина на XIV век како задужбина на кнез Лазар Хребељановиќ. Претставува еден од најзначајните споменици на српската средновековна духовност и култура. Манастирот е познат по својата прекрасна архитектура, вредните фрески и како вечно почивалиште на кнез Лазар, кој има особено место во Српската историја.
Крупајско Врело
Крупајско Врело е едно од најубавите природни богатства во источна Србија, сместено во подножјето на планината Белјаница. Изворот е познат по кристално чистата вода со смарагдно-сина боја и живописната природа што го опкружува. Ова место е омилена дестинација за љубителите на природата, фотографијата и мирниот одмор.
Опис на патувањето:
-
Поаѓање во 05:00 часот од паркингот пред пошта на железничка ( собирање на група 04:45) .Пристигнување на нашата прва дестинација во утринските часови. Слободно време за разглед на манастирот како и слободно време за молитва, фотографирање и прошетка.
-
Патувањето ќе го продолжиме кон едно од најубавите природни богатства на источна Србија, Крупајско Врело, познато по својата кристално чиста вода, прекрасната природа и тиркизната боја на изворот. Ќе имате слободно време за прошетка, одмор, фотографирање и уживање во природниот амбиент, како и индивидуален ручек.
-
Во 17:00 часот поаѓање за Скопје
Програмата вклучува:
-
Превоз на наведената релација
-
Посета на Манастирот Раваница.
-
Посета на Крупајско Врело.
- организација и водство на патувањето
Програмата не вклучува:
- индивидуални трошоци
- влезници за културно историски споменици
Цена: 1600 ден
* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.