Манастирот Ѓунис со црквата на Пресвета Богородица е женски манастир на Српската православна црква во Нишката епархија. Манастирот се наоѓа во областа Крушевац, во источното село Ѓунис, во долината на Јужна Морава.Според преданијата, во 1898 година, ова свето место било откриено од Девицата Марија, која на тринаесетгодишно девојче по име Милојка Јоциќ од Ѓунис, и кажува дека на тоа место каде што се наоѓа денес манастирот треба да изгради црква.
Манастирот посветен на Св. Роман е манастир кој припаѓа на мала група манастири што биле изградени пред Неманџиќ. Манастирот е познат по тоа што тука како монах живее Роман Синаит кој подоцна е прогласен за светец, па затоа манастирот е именуван по него.
Опис на програмата:
- Тргнување во 05:00 часот ( состанок на групата на паркинг пред Пошта на жечезничка во 04:45). Се патува преку граничен премин Табановце.Предвидено време за пристигнување во манастирот Св.Роман во утринските часови.
- Посета и разглед на манастирот. По посетата се упатуваме кон посета на манастирот покров на Пресвета Богородица во Ѓунис. Посета и разглед на манастирот.
- По посетата на манастирот групата се упатува кон Крушевац. Слободно време за индивидуални активности.
- Предвидено време за тргнување за Македонија во 17:00 часот.
Понудата вклучува
- Превоз на наведената релација
- Посета на манастирот Св.Роман
- Посета на Манастирот Покров на Пресвета Богородица-Ѓунис
- Посета на Крушевац
- Организација и водство на патувањето
Понудата не вклучува:
- Индивидуални трошоци
- Влезници за културно историски споменици
Цена: 1500 денари