Манастир Св. Роман
Манастирот Св. Роман е еден од најстарите православни манастири во Србија, сместен во живописниот предел покрај реката Јужна Морава. Неговите почетоци се поврзуваат со IX век, а низ вековите бил важен духовен центар и место на молитва. Манастирот е посветен на Свети Роман Ѓунушки и е познат по својата богата историја, духовното значење и мирната атмосфера.
Ѓунис
Ѓунис е едно од најпознатите православни поклонички места во Србија. Ова место е особено познато по црквата „Покров на Пресвета Богородица“, која секоја година ја посетуваат голем број верници. Со својата духовна традиција, мир и гостопримливост, Ѓунис претставува значајна дестинација за верски туризам.
Рибарска Бања
Рибарска Бања е едно од најпознатите бањски места во Србија, сместено во подножјето на планината Јастребац. Позната е по своите лековити минерални извори кои се користат уште од античко време. Со прекрасната природа, чистиот воздух и уредените паркови, бањата е идеално место за одмор, релаксација и уживање.
Опис на програмата:
- Поаѓање во 05:00 часот од паркингот пред пошта на железничка, собирање на група 04:45. Утринско возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Манастирот Св. Роман, кој е еден од најстарите православни манастири во Србија. Слободно време за прошетка и разглед. По посетата се упатуваме кон Ѓунис, познато поклоничко место каде се наоѓа црквата Покров на Пресвета Богородица. Ова место е едно од најпосетуваните духовни светилишта во Србија, познато по својата мирна атмосфера и големиот број верници кои го посетуваат во текот на годината. Откако ќе ги посетиме овие два манастири се упатуваме кон Рибарска Бања кое претставува познато бањско и туристичко место во подножјето на планината Јастребац. Бањата е позната по своите лековити термални извори, прекрасната природа и уредениот парк. Групата ќе има слободно време за прошетка, одмор, кафе и уживање во пријатниот амбиент.
- Поаѓање за Скопје во 17:00 часот
Понудата вклучува
-
Превоз на наведената релација
-
Посета на манастирот Св.Роман
-
Посета на Манастирот Покров на Пресвета Богородица-Ѓунис
-
Посета на Рибарска бања
-
Организација и водство на патувањето
Понудата не вклучува:
Цена: 1500 денари
* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.