07.12-10.12.2023

Сараево е најголемиот и главниот град на Босна, град на контрасти и различности кој нуди за секого по нешто. По неговите улици може да се видат и цркви и џамии, и модерни трговски центри, и стари рушевини кои сведочат за војната во Босна. 
Програма

Ден 1: 07.12.2023 (четврток)
  • Состанок на групата на Дрводекор во 21:30ч од Скопје и поаѓање во 22.00 часот од Дрводекор. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и цариснки формалности.
Ден 3: 09.12.2023 (сабота)
  • По појадокот се упатуваме на целодневна факултативна посета. Првото место што ќе го посетиме е Јабланица, местото каде во 1943 година се одиграла Битката за ранетите. Ќе го посетиме срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ и местото каде што е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“.
    Од тука, продолжуваме кон разглед на градот Мостар со локален водич. Го посетуваме стариот мост кој е главна атракција на градот, улицата Кујунџи на која се наоѓаат занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон Сараево. Ноќевање.
Ден 4: 10.12.2023 (недела)
  • По појадокот, се одјавуваме од хотел и се упатуваме кон Босанските пирамиди на Височица во близина на босанскиот град Високо, северозападно од Сараево. Пирамидата Сонце во Високо е стара 29.000 години, и со тоа е најстарата пирамида во светот. Местото станало интересно за светската јавност во 2005 г. кога локалните власти објавиле дека се работи за пирамиди изработени од човечка рака.
    И покрај упорните напори на главниот двигател на проектот, д-р Семир Османагиќ, огромен дел од стручната јавност во светот тврди дека тоа се сосема природни геолошки образби и дека нема никакви докази за човеково вмешателство во планината. По разгледот, во договорено време, патувањето го продолжуваме кон Македонија.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА: 129 ЕВРА

 
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз на дадената релација
- 2 ноќевања со појадок во Hotel 3*во Сараево
- Разглед на Сараево со локален водич
- Посета на Вишеград
- Организација на патувањето и пратител

 Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Целодневна факултативна посета на: Јабланица (Мостот на Неретва) и Мостар - 30 евра
- Босански пирамиди - 25 евра
- Туристичка такса 2 евра по лице
- Патничко осигурување
СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи 50 евра по лице (со резервација во агенција)
 
НАПОМЕНА:
  • За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
  • Дете со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
  • За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето
  •  Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и МТС ТРАВЕЛ СЕРВИС