social imagesocial imagesocial image

05.12-06.12

12.12-13.12

1ден ( сабота )

  • Поаѓање од Скопје во 07:30 од паркинг наспроти скопски саем кај хотел Вип. Собирање на група 07:15. Пристигнување во Крушево. Пешачка тура низ Крушево на која ќе се посетат црквата Св. Никола, споменикот Македониум, гробот на Тоше Проески и спомен куќата на Тоше Проески. Во договор со групата се упатуваме кон Битола. Пешачка тура по Широк Сокак со разглед на Саат Кулата, џамијата, и музејот. По посетата групата се упатува кон Охрид. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

2 ден ( недела )

  • Појадок. По појадокот  во договор со групата пешачка тура низ Стариот дел на Охрид. Слободно време за индивидуални активности.Во вечерните часови поаѓање за Скопје.


Понудата вклучува:

  • превоз на наведената релација

  • 1  ноќевавање со појадок и вечера во Охрид

  • пешачка тура низ Охрид со лиценциран туристички водич

  • пешачка тура низ Битола

  • пешачка тура во Крушево

  • организација и водтсво на патувањето

Понудата не вклучува:

  • влезници за културно историски споменици

  • индивидуални трошоци


Цена: 3000 денари по лице 

За ова патување може да извршите плаќање со ваучерот ДОМА СИ Е ДОМА. 

 

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.

  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.

  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 

  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.

  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.

  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.

  • Патувањето се одвива според нови пропишани протоколи за работа со туристички групи. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот. 

  • Доколку дојде до непредвидена виша сила за нереализирање на патувањето, поради новонастанатаите ситуации кои агенцијата не може да ги предвиди уплатените средстав ќе се вратат на клиентот.

  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација ,а дојде до откажување од страна на патникот тогаш откажувањето ќе се реализира согласно општите услови за патување.