1 ден сабота
 
  • Поаѓање во 07:00 од карши саем кај хотел Вип ( собирање на група 06:45 ). Прва посета на црквата Св.Ѓорѓи во Старо Нагоричане. ( задржување околу 30 минути). По посетата групата продолжува кон Крива Паланка во посета на манастирот Св. Јоаким Осоговски ( задржување околу 2 часа). По посетата групата се упатува кон Кратово. Пешачка тура за разглед на мостовите, кулите и црквата Св.Ѓорѓи. Во попладневните часови се упатуваме кон Лесновски манастир. Посета на манастирот ( задржување околу 1 час). По посетата групата се упатува кон Кочани. Сместување.Вечера. Ноќевање.

2 ден недела
 
  • Појадок. По појадокот групата го напушта хотелот и се упатува кон Виница во посета на Виничкото Кале ( задржување 1 час). По посетата групата се упатува кон Пехчево каде ќе се посетат Пехчевските водопади. ( задржување 1 час). По разгледот на водопадите групата се упатува кон Берово. Посета на манастирот Архангел Михаил во Берово. Посета на Беровско езеро. Поаѓање за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.


Понудата вклучува:
  • 1 ноќевање со појадок и вечера во хотел во Кочани
  • посета на Св.Ѓорѓи, старо Нагоричане
  • посета на Св.Јоаким Осоговски
  • пешачка тура низ Кратово со лиценциран туристички водич
  • посета на Лесновски манастир
  • посета на Виничко кале
  • посета na Пехчевски водопади
  • посета на манастирот Архангел Михаил во Берово
  • превоз на наведената релација
  • организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • влезници за културно историски споменици
  • индивидуални трошоци
 
Цена:3000 денари од лице
Може да се изврши плаќање со ваучерот ДОМА СИ Е ДОМА 

 
 
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.
  • Патувањето се одвива според нови пропишани протоколи за работа со туристички групи. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот. 
  • Доколку дојде до непредвидена виша сила за нереализирање на патувањето, поради новонастанатаите ситуации кои агенцијата не може да ги предвиди уплатените средстав ќе се вратат на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација ,а дојде до откажување од страна на патникот тогаш откажувањето ќе се реализира согласно општите услови за патување.