Слепченски манастир и Битола

28.11.2021

Слепченски манастир (познат и како Манастир Св. Јован Претеча и Манастир Продром) се наоѓа на околу 3 км од селото Слепче. Манастирот Св. Јован Претеча е еден од најголемите и добро сочувани манастирски комплекси во областа Железник и пошироко, кој се наоѓа под падините на планината Илиница, над селото Слепче. Се претпоставува дека манастирот е изграден во XIV век со директна помош од Охридската архиепископија. Благодарение на соработката низ вековите на книжевно и уметничко поле со кратовските манастири и Охридската архиепископија, во Слепчанската школа се создадени врвни уметнички дела од сликарството, резбата и книжевноста, кои се од непроценлива вредност за македонската и за славистичката наука
 
Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркинг кај Вип Хотел, наспроти Скопски Саем, во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
  • Предвидено време за пристигнување во Слепче  околу 10 часот со попатни паузи.
  • Слободно време за разглед и прошетка на Слепченски манастир.
  • Поаѓање за Битола. Посета на Хераклеа. Слободно време за прошетка и разглед на Битола
  • Во 17:00 часот тргнување за Скопје.

 
Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената локација.
  • Организација и водство на патувањето.
  • Посета на Слепченски манастир.
  • Посета на Битола
 

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци.
  • Влезници за Хераклеа 100 денари

Цена: 650 денари од лице
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.