Св.Јован Бигорски, Рајчица. Вевчани, Калишта

26.02.2023

Бигорски манастир или  Св. Јован Крстител е манастир кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во Западна Македонија. Манастирот е основан од страна на монахот Јован во 1020 година а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт а од целиот комплекс останала само мала црква. Името на манастирот доаѓа од фактот што објектот бил изграден од бигор. Овој манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата сместена до самата црква комплексот манастирски конаци како и новоизградените гостински конаци. 
 
Раички манастир или понекогаш Рајчички манастир — манастир во селото Рајчица, во непосредна близина на градот Дебар, односно во неговото предградие на само 2 км од центарот. Тој претставува женски манастир и е метох на познатиот и најбогатиот македонски Бигорски манастир. Овој манастир се претпоставува дека е основан во почетокот на XIV век, како метох на Бигорскиот манастир Свети Јован во Дебарското поле. 

Општина Вевчани е општина во Република Македонија, во југозападниот дел на земјата. Карактеристично е тоа што има само едно населено место самото село вевчани, каде е сместена општинската управа. Општина Вевчани не била целосно променета во 2004 година.   

Манастирски комплекс во Калишта го сочинуваат четири светилипшта, две пештерски цркви посветени на Богородица и Атанасиј Велики и уште две цркви едната посветена на мајката Божја и другата на светите апостоли Петар и Павле. За чудата на манастирот се слуша надалеку. Овде е една од највредните икони во земјава, единствена на Балканот. Чудотворната икона-Богородица во црно, пронајдена во малата пештерска црква. Се верува дека исцелува од неизлечливи болести но и ги дарува оние кои не можат да имаат деца.

 

 
Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркинг кај Вип Хотел, наспроти Скопски Саем, во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
  • Предвидено време за пристигнување во Св. Јован Бигорски  до 9 часот.Слободно време за посета и раглед на манастирот.
  • Посета и разглед на манастирот Рајчица
  • Посета на Вевчани и Вевчански извори
  • Слободно време за факултативен ручек во Вевчани
  • Посета на Калишки манастир
  • Во 18:00 часот тргнување кон Скопје
 
Понудата вклучува:
  • Посета на Св. Јован Бигорски
  • Посета на манастирот Рајчица 
  • Посета на Вевчански извори 
  • Посета на Калишки манастир 

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци.
  • Влезници за културно историски споменици 

Цена:800 денари


 
 
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
  • Во случај на отказ патникот е должен да плати:
  • За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
  • За отказ преку 15 дена пред поаѓање  се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот 
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.