Кучевишки манастир е средновековен манастир во скопското село Кучевиште. Прогласен е за спомени на културата на Македонија. Самата црква на манастирот потекнува од 14 век.  Се смета дека манастирот , како и голем број црковни споменици во околината на Скопје биле изградени во 14 век. Надворешниот изглед на манастирската црква остава впечаток дека е од т.н класичен средновековен период. Манастирот во минатото поседувал голем имот со над 100 хектари обработливи површини, лозја, шуми и пасишта, кои биле предадели на селската задруга по Втората светска војна.  
 
Манастирот Св. Никита се наоѓа на падините на планината Скопска Црна Гора, помеѓу селата Бањане, Чучер и Горњане. Црквата е изградена од крал Милутин на преминот од 13-ти кон 14-ти век. Таа има карактеристична византиска архитектура и фасадна декорација, додека внатрешноста е покриена со живописот на познатите зографи Михаило и Ефтихиј. Денес сеуште функционира како сакрален објект кој привлекува бројни верници и посетители посебно поради моќите на “ љубовниот камен” под кој се закопани коските на самиот светител.
 
Опис на патувањето:
 
  • Поаѓање во 08:00 часот од паркинг наспроти Скопски саем кај хотел Вип ( собирање на група во 07:45).
  • Прва посета на манастирот Св.Архангел Михаил или познат како Кучевишки манастир во селото Кучевиште. Слободно време за прошетка и разглед на манастирот. 
  • Во договор со групата поаѓање за манастирот Св. Никита. Слободно време за прошетка и разглед на манастирот. 
  • Во попладневните часови поаѓање за Скопје.
 
Програмата вклучува:
 
  • Превоз на наведената релација 
  • Организација и водство на патувањето 
  • Посета на Манастирот Св.Архангел Михаил 
  • Посета на Манастирот Св. Никита 
 
Програмата не вклучува:
 
  • Индивидуални трошоци 
  • Влезници за културно историски споменици 

Цена: 300 денари