Св.Ѓорѓи-Неготино, Вила Марија, Дојран

25.10.2025

Во непосредна близина источно од Неготино врз темели на постара црква е изграден манастирот Св.Ѓорѓи. На јужниот ѕид до влезот во црквата има вградена камена плоча на која е испишана годината 1860-1866 кога била изградена црквата. 

Еден дел од историјата на Демир Капија, кој во едно место ги поврзала виното и љубовта е во винарската визба Вила Марија. Изградена е на просторот каде што се спојуваат медитеранска и умерено континентална клима и каде што има дури 280 сончеви денови во годината. Приказната започнува во 1928 година кога кралот и кралицата Александар и Марија Караѓорѓевиќ решиле да купат имот за винарска визба. Во дворор на винарскаѕта визба се наоѓаат изложени стари машини и буриња кои служеле за преработка и чување на виното. 

 

Опис на патувањето:

  • Тргнување од паркинг пред Пошта на железничка во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
  • Предвидено време за пристигнување во Неготино околу 09:00 часот.
  • Прошетка и разглед на манастирот Св.Ѓорѓи. 
  • Поаѓање кон Демир Капија. Посета и разглед на музејот на Виното и винаријата Вила Марија
  • Во договор со групата се упатуваме кон Дојран.Слободно време за индивидуална прошетка и факултативен ручек.
  • Во 18:00 часот тргнување за Скопје.

 
Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената локација.
  • Организација и водство на патувањето.
  • Посета на манастирот Св.Ѓорѓи
  • Посета на Вила Марија 
  • Посета на Дојран 
 

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци.
  • Влезници за музејот на виното 100 денари

Цена: 1200 денари

* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.