13.04.2024


Свети Ѓорѓи позната и како Великомаченик Георгиј е средновековна црква која е сместена во средиштето на селото Старо Нагоричане.Овој средновековен храм се истакнува по својата импозантна голема (базиликална) градба, одлично зачуваниот фрескоживопис, камениот иконостас и положбата на иконите на него, како и ќелијата на македонскиот светител Прохор Пчињски во непосредната близина. Дeнeшнaтa црква билa пoдигнaтa нa остaтoцитe нa постар храм кој датирал oд XI вeк, т.e. вo време нa владеењето нa визaнтиcкиoт императop Роман Диоген (1067-1071).

Свети Јоаким Осоговски или познат како Осоговски манастие се наоѓа на само 3 километри североисточно од Крива Паланка, во прегратките на дабовата шума на Осоговските планини и истиот е посветен на пустиножителот и чудотворец Св. Јоаким Осоговски. Осонова е уште во 12 век, познат по името Сарандапор. Токму во овие предели кон крајот на 11 и почеток на 12 век живеел испосникот Св. Јоаким Осоговски. Освен житието на св. Јоаким Осоговски науката не познава други пишани документи и извори за основањето на манастирот. Житието на св. Јоаким е зачувано во преписи од XV век наваму. 

 
 
Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркинг кај Вип Хотел, наспроти Скопски Саем, во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
  • Прв одиме во посета на црквата Св.Ѓорѓи во Старо Нагоричане.
  • По посетата групата се упатува кон манастирот Св.Јоаким Осоговски. Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на манастирот.
  • Во 17:00 часот тргнување кон Скопје.
 
Понудата вклучува:
 
  • Посета на црквата Св.Ѓорѓи во Старо Нагоричане.
  • Посета на манастирот Св. Јован Осоговски.
  • Превоз на наведените локации.
  • Организација и водство на патувањето.

Цена: 650  денари од лице
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.