Св.Ѓорѓи--Валандово, Дојран

На падините на планината Плавуш во непосредна близина над градот Валандово се наоѓа манастирскиот комплекс со манастирска црква Св.Ѓорѓи. Од манастирот се пружа убава глетка кон Валандовската котлина и околните села на Бојмијата. Манастирот го опкружуваат повеќевековни јавори а под нивните дебели сенки деноноќно течат планинските студени води. Овие природни убавини и некогашниот сјај на манастирот останале запишани во патописните белешки од Евлија Челебиј. Врз темелите на стара средновековна црква-манастир, подигната е нова исто така посветена на Св.Ѓорѓи во 1943 година. Првобитната црква била подигната во 1344 година а по својата архитектурна форма била трокорабна.

За Дојран постојат многу легенди и преданија.Во местото каде што е денешен Дојран живеела една многу убава девојка, Дојрана. По неа ја забележал еден Османлиски бег и се заљубил во нејзе. Отишол кај нејзините родители и ја побарал за жена. Но девојката не го сакала. Така еден ден отишла да ѓи наполни стомните сo вода од едно изворче.Но, тогаш Осламискиот бег(тој што бил заљубен во нејзе) ја забележал и потрчал по нејзе. Но таа не го сакала и несакала другите околу неа да имаат маки, па се фрлила во изворчето! Утредента изворчето се проширило, го поплавило целото место. Станало езеро. По името на девојката- Дојрана, езерото го добило своето име ’Дојран’.
 

Опис на патувањето:

  • Тргнување од паркинг кај Вип Хотел, наспроти Скопски Саем, во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
  • Прошетка и разглед на манастирот Св.Ѓорѓи во Валандово.
  • Поаѓање кон Дојран. 
  • Слободно време за индивидуална прошетка и факултативен ручек.
  • Во 17:00 часот тргнување за Скопје.

 
Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената локација.
  • Организација и водство на патувањето.
  • Посета на манастирот Св.Ѓорѓи
  • Посета наДојран
 

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци.
  • Влезници за културно историски споменици.

Цена: 500 денари од лице
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.