14.09.2025

Света Гора  или, официјално, Автономна Монашка Држава Света Гора - е автономна област на третиот крак од полуостровот Халкидики во Грција. Претставува еден од најзначајните православни центри во светот. Света Гора или Атос  воедно е име и на познатата планина на полуостровот по која е наречена монашката држава. Според грчкиот Устав, планината Света Гора е политичка самоуправа која ја сочинуваат 20 главни манастири. Духовно, Света Гора е под директна јурисдикција на Вселенскиот патријарх од Цариград

Опис на патувањето:
  • Поаѓање во 01.00 часот (собирање на група во 00:45 часот од паркингот пред Пошта на железничка). Ноќно возење преку граничен премин Богородица со попатни паузи за царински формалности и одмор. 
  • Предвидено време за пристигнување во Уранополис во утринските часови. Слободно време за кафе покрај морскиот брег.
  • Отпловување со брод околу 10:00 часот и крстарење околу Света Гора, при што лиценциран водич на Српски јазик ќе презентира информации за секој од манастирите.
  • Враќање во Уранополис околу 13.00 часот. 
  • Слободно време за ручек и индивидуални активности.
  • Поаѓање за Скопје во 18:00. Попатно ќе се посети Српскиот манастир Каково.
 

Понудата вклучува:

  • Превоз на наведената релација

  • Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:

  • Индивидуални трошоци.

  • Влезници за културно историски споменици 

  • Бродска карта 20 евра ( се плаќа во автобус)

Цена: 1700 ден 

* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.