Уранополис
Уранополис е мало приморско гратче на третиот крак од полуостровот Халкидики и претставува главна порта кон Света Гора – Атос. Неговото име во превод значи „Небесен град“, а местото има богата историја поврзана со византиската традиција и монашкиот живот. Денес Уранополис е позната туристичка дестинација, од каде што започнуваат пловењата кон брегот на Света Гора, со прекрасен поглед кон манастирите и Егејското Море.
Света Гора – Атос
Света Гора (Атос) е едно од најзначајните православни духовни места во светот, со историја подолга од илјада години. На полуостровот се наоѓаат 20 православни манастири, кои со векови го чуваат духовното, културното и историското наследство на православието. Првиот организиран монашки живот започнал во X век, а во 963 година е основан Големиот Лавра, првиот и најголем манастир на Света Гора.Атос е познат по своите вредни ракописи, икони, фрески и богатото духовно наследство. Поради својата единствена историја и значење, Света Гора е под заштита на УНЕСКО и претставува место на духовност, мир и молитва, кое секоја година го посетуваат голем број поклоници и љубители на културата.
Опис на патувањето:
-
Поаѓање во 23:00 часот од паркингот пред пошта на железничка, собирање на група 22:45. Ноќно возење со попатни паузи за царински формалности и одмор. Во утринските часови пристигнување во Уранополис, познатото приморско место и главно пристаниште за посетителите на Света Гора. Слободно време за прошетка, кафе и уживање во прекрасниот амбиент покрај морето. Во 10:00 часот започнува крстарењето покрај брегот на Света Гора (Атос). За време на пловидбата ќе имате можност да ги видите импресивните манастири и недопрената природа на полуостровот. На бродот ќе има српски водич, кој ќе ве запознае со историјата на Света Гора, манастирите и духовното значење на ова свето место.По завршувањето на крстарењето, враќање во Уранополис и слободно време за ручек, прошетка и индивидуални активности.
-
Во 18:00 часот поаѓање кон Македонија. Попатно ќе посетиме еден од позначајните манастири во околината Манастирот Каково.
Понудата вклучува:
Понудата не вклучува:
Цена: 1700 ден
* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.