01.05-03.05

Велигден и Први мај во Албанија
  • Елбасан e град vo централна Албанија. Се наоѓа на северниот брег на реката Шкумбин, во висорамнините на источниот крај на плодна, добро наводнета рамнина.
Градот е основан во 1466 година од страна на отоманскиот султан Мехмед II, на местото на античкиот Скампес, како основа за неговите воени операции против албанскиот командант Скендербег. Градот бил главен центар на албанскиот национализам за време на османлиското владеење. До Втората светска војна, околу 85 проценти од населението било муслиманско, а поголемиот дел од остатокот бил православен. Архитектонските остатоци од поранешниот ѕиден град се видливи.
  • Истражете го прекрасниот полуостров Карабурун и уживајте во убавините на националниот морски парк Карабурун-Сазан, единствен резерват од ваков вид во Албанија. Воедно посетете ја пештерата Хаџи Али која што била користена од страна на трговци и шверцери. Уживајте на недопрените плажи во тотален мир и чиста вода. 

1 ден 01.05 сабота Скопје-Елбасан-Драч
  • Поаѓање во 06:00 часот собирање на група (05:45) од паркинг наспроти Скопски саем кај Хотел Вип. Патувањето води кон граничен премин Кафасан со одмор и паузи за царински формалности. Предвидено време за пристигнување во Елбасан во претпладневните часови. Слободно време за прошетка и разглед на тврдината и центарот на Елбасан. Во договорено време со групата се упатуваме кон Драч. Сместување во хотел во Голем-Драч. Слободно време. Ноќевање.

2 ден 02.05 недела Драч
  • Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден 03.05 понеделник Драч-Валона-Скопје
  • Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Групата се упатува кон Валона. Факултативно крстарење со брод каде ќе имате можност да ги посетите најубавите места во Албанија: Карабурун, пештерата Хаџи Алис и островот Сазан. Можност за целодневно уживање на море. Во попладневните часови поаѓање за Скопје. Предвидено време за пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Понудата вклучува:
  • 2 ноќевања со појадок во хотел во Драч
  • посета на Елбасан
  • посета на Валона
  • превоз на наведената релација
  • организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • крстарење со брод- 20 евра 
  • индивидуални трошоци

Цена: 59 евра по лице ( сметано по курс 62) 
 
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.
  •