Неа Потидеа е првотот летувалиште на првиот крак. Ова место има најширока плажа и чисто море обележано со сино знаме за чистотата на водата. Идеално место за одмор, пливање, детски занимливости и рекреативно забавни содржини. Свежата највкусна и разнолична морска храна се идеален избор за ручек или вечера не само за туристите туку и за локалните жители. Голем број на таверни и ресторани се лоцрани на шеталиштето.
Вила Костас е сместена на сама плажа во првиот ред.
ОПИС НА СТУДИЈА И ДУПЛЕКС
I кат
ДУПЛЕКС БР.1 (1/2+1/2) 4 ЛИЦА
Дуплексот располага со две спални соби, кујна и купатило со WC. Во едната спалната соба има два поединечни кревети,клима уред и излегува на тераса. Во другата спална соба има два поединечни кревети, клима уред и излегува на тераса. Пред кујната има плакари за алишта. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо. Дуплексот е опремен со стандардно купатило и вц.
СТУДИО БР.2 (1/3) 3 ЛИЦА – ПОГЛЕД НА МОРЕ
Студиото располага со еден дупол кревет и еден поединечен кревет, плакар за алишта, клима уред, тв. Во склоп на истата соба е и кујната , која е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо. Студиото е опремено со стандардно купатило и вц. Од студиото се излегува на комотна тераса со маса и 3 столици со директен поглед на море.
СТУДИО БР.3 (1/3)+1 3ЛИЦА+1 – ПОГЛЕД МОРЕ
Студиото располага со еден дупол кревет и еден поединечен кревет, има можност и за дополнителен кревет на расклопување, плакар за алишта, клима уред, тв. Во склоп на истата соба е и кујната, која е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо. Студиото е опремено со стандардно купатило и вц. Од студиото се излегува на комотна тераса со маса и 4 столици со директен поглед на море.
Високо приземје
СТУДИО БР.7 и 8 (1/3) 3 ЛИЦА
Студиото располага со три поединечни кревети, плакар за алишта, клима уред, тв. Во склоп на истата соба е и кујната, која е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо. Студиото е опремено со стандардно купатило и вц. Од студиото се излегува на комотна тераса со маса и 3 столици и поглед во градина.
- За пакет аранжманот во студио или дуплекс потребни се минимум 2 лица;
- трето,четврто, лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 40€ за возрасен или 25€ за дете од 02 – 12 години;
- дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
- за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
45 € за возрасни – повратна карта
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец
35 € за деца до 12 години – повратна карта;
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште