social imagesocial imagesocial image

24.12.2022

Предновогодишна прослава во Етно ресторан во Врање. Предновогодишно расположение со Врањанска музика

  • Поаѓање во 07:30 часот, собирање на група во 07:15 од паркинг наспрoти Скопски саем кај Вип хотел.
  • Предвидено време за пристигнување во Врање околу 09:00 часот.
  • Слободно време за индивидуални активности во Врање. Во договор со групата се упатуваме кон ресторан за ручек. 
  • Во 17:00 часот поаѓање за Скопје.

Понудата вклучува:
  • Организација и водство на патувањето.
  • Превоза на наведената релација
  • Организиран ручек со Врањанска музика во етно ресторан кој вклучува богато мени. 
Понудата не вклучува: 
  • Индивидуални трошоци

Цена: 1800 денари.

 
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.